Колку често стресот ве прави нервозни и раздразливи?
Дали несоницата дополнително ги влошува овие состојби?
Како да ги вратите смиреноста и спокојот во вашиот динамичен живот?
Во продолжение прочитајте 7 едноставни начини за борба против стресот и против несоницата, кои можат да ви помогнат уште веднаш.
Секоја форма на физичка активност може да дејствува како ослободувач од стрес, без разлика дали професионално се занимавате со спорт или никогаш не сте вежбале.
Физичката активност ослободува ендорфини и други хормони, кои ја подобруваат вашата физичка и ментална благосостојба.
Доволни се само 30 минути дневно пешачење, џогирање, градинарство, чистење на домот, возење велосипед, пливање, кревање тегови или што било друго што ве активира.
Физичката активност не само што го намалува стресот туку и придонесува за поквалитетен сон.
Храната што ја јадеме има големо влијание врз нашето расположение и врз добриот сон.
Намирници што докажано го намалуваат стресот и го подобруваат вашето расположение се следниве:
Намирници што ќе ви помогнат да спиете подобро:
Медитацијата помага да го фокусирате своето внимание на дишењето наместо на мислите во главата. На тој начин го смирувате приливот на мисли што ви го окупираат умот и што придонесуваат за стрес и за несоница.
Само неколку минути медитација дневно се доволни за да ви се врати чувството на смиреност, мир и на рамнотежа, што може да биде од корист за вашата емоционална благосостојба и за целокупното здравје.
На YouTube може да најдете безброј видеа за водна медитација, визуализација или за длабоко дишење, креирани од домашни и од странски автори.
Кога сте под стрес и раздразливи, вашиот инстинкт ви кажува да се изолирате. Наместо тоа, контактирајте со своите пријатели и колеги и со семејството.
Разговорот со лица кои ви се драги е одличен начин и ослободувач од стресот и ќе ви помогне подобро да заспиете навечер.
Добрата смисла за хумор не може да ги излечи сите болести, но, дефинитивно, ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Смеењето го олеснува моменталниот стрес и предизвикува позитивни физички промени во вашето тело.
Затоа, читајте шеги, раскажувајте вицови, гледајте комедии или едноставно дружете се со пријателите што прават да се смеете до солзи.
Наместо да ги чувате своите мисли и чувства во главата, запишете ги на хартија. Не размислувајте дали имате талент за пишување или не. Едноставно пуштете ги мислите да се преточат во зборови и напишете сè што ќе ви падне на ум.
Не стремете се кон совршена граматика или правопис бидејќи никој друг нема да го прочита вашиот дневник.
Откако ќе завршите со пишување, можете да ја скинете страницата и да ја фрлите или, пак, да си ги чувате текстовите како потсетник.
Пробајте барем еднаш да го започнете утрото со пишување или пишувајте пред да си легнете и веднаш ќе почувствувате разлика и олеснување.
Слушањето музика или свирењето инструмент се едни од најдобрите ослободувачи од стрес. Тие обезбедуваат ментално одвлекување од проблемите, а може да ги намалат и мускулната тензија и стресот.
Ако музиката не е еден од вашите интереси, свртете го вашето внимание кон друго хоби во кое уживате, како на пример градинарство, шиење, цртање, боење. Сè што се бара од вас е да се фокусирате на она што го правите, а не на мислите во главата.
Додатоците во исхраната се еден од најефикасните сојузници во борбата против стресот и против несоницата.
Додатоците во исхраната со валеријана, пасифлора, маточина и со калифорниска булка/мак се препорачуваат за намалување на благите симптоми на стрес, додека, пак, микронутритиентите магнезиум и витамин Б6 придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста, за нормална функција на нервниот систем и за нормална психолошка функција.
За здрав сон се препорачува употреба на мелатонин, што придонесува за скратување на времето потребно за заспивање и за ублажување на чувството на замор предизвикано од промена на временските зони.
Дополнително, валеријаната, пасифлората, маточината и калифорниската булка/мак помагаат за релаксација и за полесно заспивање, дури и при состојба на стрес.
За да дознаете повеќе за таблетите Лунерба и Лунерба плус и како можат да ви помогнат да се изборите со стресот и со несоницата, прочитајте повеќе на: