БЛОКМАКС ФОРТЕ

...

Состав

Една таблета БлокМАКС Форте содржи 400 mg ибупрофен.

Фармацевтска форма

Филм-обложени таблети.

Дејство

Ибупрофенот претставува нестероиден антиинфламаторен лек, дериват на пропионската киселина, кој ја покажува својата активност преку инхибирање на синтезата на простагландините.

Кај луѓето, ибупрофенот ја намалува инфламаторната болка, појавата на оток и покачената телесна температура.

Индикации

БлокМАКС таблетите се употребуваат при:

  • главоболки,
  • болки во грбот,
  • менструална болка,
  • забоболка,
  • невралгија,
  • ревматоидна болка,
  • мускулна болка,
  • мигрена,
  • симптоми на настинка,
  • покачена телесна температура и при болка предизвикана од полесни форми на артритис.

Пакување

Картонска кутија со 10 таблети (1 блистер).

...

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.