Гастроинтестиналниот тракт е комплексен систем со сложен баланс помеѓу цревната микрофлора која се состои од над 100 билиони бактерии, што припаѓаат на повеќе од 600 различни специеси. Составот на оваа, таканаречена нормална цревна флора е многу специфична за секој човек, слично како отисокот од прст.
Пробиотиците се живи микроорганизми кои позитивно дејствуваат на здравјето на домаќинот, преку подобрување на балансот на микрофлората во цревата. Основната разлика помеѓу постојаната цревна флора и пробиотиците е во тоа што тие се привремено присутни и, за да го пројават корисниот ефект, потребно е да се внесуваат извесен период.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.