Седум едноставни начини за борба против стресот и против несоницата

Колку често стресот ве прави нервозни и раздразливи? 

Дали несоницата дополнително ги влошува овие состојби? 

Како да ги вратите смиреноста и спокојот во вашиот динамичен живот?

Во продолжение прочитајте 7 едноставни начини за борба против стресот и против несоницата, кои можат да ви помогнат уште веднаш.

Начин 1: Раздвижете се

Секоја форма на физичка активност може да дејствува како ослободувач од стрес, без разлика дали професионално се занимавате со спорт или никогаш не сте вежбале. 

Физичката активност ослободува ендорфини и други хормони, кои ја подобруваат вашата физичка и ментална благосостојба.

Доволни се само 30 минути дневно пешачење, џогирање, градинарство, чистење на домот, возење велосипед, пливање, кревање тегови или што било друго што ве активира.

Физичката активност не само што го намалува стресот туку и придонесува за поквалитетен сон.

Начин 2: Хранете се здраво

Храната што ја јадеме има големо влијание врз нашето расположение и врз добриот сон.

Намирници што докажано го намалуваат стресот и го подобруваат вашето расположение се следниве:

  • риба (лосос, албакор-туна),
  • црно чоколадо,
  • ферментирана храна (јогурт, кефир, комбуха, кисела зелка),
  • банани,
  • овес (овесна каша, житарки, гранола),
  • бобинки,
  • јаткасти плодови и семиња,
  • кофеин,
  • грав и леќа.

Намирници што ќе ви помогнат да спиете подобро:

  • бадеми,
  • ореви,
  • мисиркино месо,
  • чај од камилица,
  • чај од пасифлора,
  • киви,
  • цреши,
  • банани,
  • риба (лосос, туна, пастрмка, скуша),
  • бел ориз,
  • млечни производи (млеко, урда, јогурт),
  • овес (овесна каша, житарки, гранола).

Начин 3: Медитирајте

Медитацијата помага да го фокусирате своето внимание на дишењето наместо на мислите во главата. На тој начин го смирувате приливот на мисли што ви го окупираат умот и што придонесуваат за стрес и за несоница. 

Само неколку минути медитација дневно се доволни за да ви се врати чувството на смиреност, мир и на рамнотежа, што може да биде од корист за вашата емоционална благосостојба и за целокупното здравје.

На YouTube може да најдете безброј видеа за водна медитација, визуализација или за длабоко дишење, креирани од домашни и од странски автори. 

Начин 4: Дружете се и смејте се повеќе

Кога сте под стрес и раздразливи, вашиот инстинкт ви кажува да се изолирате. Наместо тоа, контактирајте со своите пријатели и колеги и со семејството. 

Разговорот со лица кои ви се драги е одличен начин и ослободувач од стресот и ќе ви помогне подобро да заспиете навечер. 

Добрата смисла за хумор не може да ги излечи сите болести, но, дефинитивно, ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Смеењето го олеснува моменталниот стрес и предизвикува позитивни физички промени во вашето тело. 

Затоа, читајте шеги, раскажувајте вицови, гледајте комедии или едноставно дружете се со пријателите што прават да се смеете до солзи. 

Начин 5: Водете дневник

Наместо да ги чувате своите мисли и чувства во главата, запишете ги на хартија. Не размислувајте дали имате талент за пишување или не. Едноставно пуштете ги мислите да се преточат во зборови и напишете сè што ќе ви падне на ум.

Не стремете се кон совршена граматика или правопис бидејќи никој друг нема да го прочита вашиот дневник.

Откако ќе завршите со пишување, можете да ја скинете страницата и да ја фрлите или, пак, да си ги чувате текстовите како потсетник.

Пробајте барем еднаш да го започнете утрото со пишување или пишувајте пред да си легнете и веднаш ќе почувствувате разлика и олеснување.

Начин 6: Слушајте музика и бидете креативни

Слушањето музика или свирењето инструмент се едни од најдобрите ослободувачи од стрес. Тие обезбедуваат ментално одвлекување од проблемите, а може да ги намалат и мускулната тензија и стресот. 

Ако музиката не е еден од вашите интереси, свртете го вашето внимание кон друго хоби во кое уживате, како на пример градинарство, шиење, цртање, боење. Сè што се бара од вас е да се фокусирате на она што го правите, а не на мислите во главата.

Начин 7: Пробајте додатоци во исхраната на природна база

Додатоците во исхраната се еден од најефикасните сојузници во борбата против стресот и против несоницата. 

Додатоците во исхраната со валеријана, пасифлора, маточина и со калифорниска булка/мак се препорачуваат за намалување на благите симптоми на стрес, додека, пак, микронутритиентите магнезиум и витамин Б6 придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста, за нормална функција на нервниот систем и за нормална психолошка функција. 

За здрав сон се препорачува употреба на мелатонин, што придонесува за скратување на времето потребно за заспивање и за ублажување на чувството на замор предизвикано од промена на временските зони. 

Дополнително, валеријаната, пасифлората, маточината и калифорниската булка/мак помагаат за релаксација и за полесно заспивање, дури и при состојба на стрес.

За да дознаете повеќе за таблетите Лунерба и Лунерба плус и како можат да ви помогнат да се изборите со стресот и со несоницата, прочитајте повеќе на: 

https://zdravjebezrecept.mk/product/lunerba/

https://zdravjebezrecept.mk/product/lunerba-plus/

ЛУНЕРБА ТАБЛЕТИ

Состав

Една обложена таблета содржи:

100 mg пасифлора (Passiflora incarnata L.);

100 mg маточина (Melissa officinalis L.);

25 mg маче-трева (Valeriana officinalis L.);

25 mg калифорниска булка/мак (Eschscholtzia californica Cham.);

25 mg нане (Mentha Piperita L.);

15 mg млечен протеински хидролизат;

0,7 mg витамин Б6;

75 mg магнезиум.

Фармацевтска форма

Обложени таблети

Употреба

Таблетите ЛУНЕРБА се користат како додаток во исхраната. Магнезиумот и витаминот Б6 придонесуваат за нормална функција на нервниот систем, нормална психолошка функција и за намалување на заморот и на исцрпеноста. Валеријаната, пасифлората, маточината и калифорниската булка/мак традиционално се употребуваат за намалување на благите симптоми на стрес.

Пакување

Картонската кутија содржи 30 таблети (2 блистера) и упатство за употреба.

ЛУНЕРБА ПЛУС ТАБЛЕТИ

Состав

Една обложена таблета содржи:

  • 100 mg пасифлора (Passiflora incarnata L.);
  • 100 mg маче-трева (Valeriana officinalis L.);
  • 50 mg маточина (Melissa officinalis L.);
  • 50 mg калифорниска булка/мак (Eschscholtzia californica Cham.);
  • 1 mg мелатонин.

Фармацевтска форма

Обложени таблети

Употреба

Таблетите ЛУНЕРБА ПЛУС се користат како додаток во исхраната. Дејството на оваа комбинација е во функција на здравиот сон. Мелатонинот придонесува за скратување на времето потребно за заспивање и за ублажување на субјективното чувство на замор предизвикано од промена на временските зони (jet lag). Валеријаната, пасифлората, маточината и калифорниската булка/мак придонесуваат за релаксација и за полесно заспивање и во состојби на стрес.

Пакување

Картонската кутија содржи 30 таблети (2 блистера) и упатство за употреба.