Состав
Една ќесичка ФЕРОЗОМАЛ содржи 30 mg железо (во форма на железо-пирофосфат), 80 mg витамин Ц и 2,5 mcg витамин Б₁₂. Железото се наоѓа во форма на липозомален комплекс, односно е обвиткано со фосфолипиден двослој (липозом) и не доаѓа во директен контакт со слузницата на дигестивниот тракт. На тој начин се обезбедува висока биорасположливост, железото добро се поднесува, без мачнини, без стомачни тешкотии, без метален вкус во устата.
Фармацевтска форма
Микрогранули за директна примена, со вкус на лимон и на шумско овошје.
Дејство
Микрогранулите за директна примена ФЕРОЗОМАЛ го обезбедуваат потребното количество железо, со цел да се задоволат зголемените потреби на организмот.
Употреба
– Железото придонесува за нормално формирање на црвените крвни клетки и на хемоглобинот.
– Железото придонесува за нормален транспорт на кислородот низ телото.
– Железото, витаминот Ц и витаминот Б₁₂ придонесуваaт за нормална функција на имунолошкиот систем.
– Железото придонесува за нормална когнитивна функција.
– Железото, витаминот Ц и витаминот Б₁₂ придонесуваат за нормален метаболизам на енергија.
– Железото, витаминот Ц и витаминот Б₁₂ придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
– Железото и витаминот Б₁₂ имаат улога во процесот на клеточна делба.
– Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железото.
– Витаминот Ц придонесува за нормално формирање на колагенот со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавиците, непцата, кожата и забите.
– Витаминот Ц и витаминот Б₁₂ придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем.
– Витаминот Ц и витаминот Б₁₂ придонесуваат за нормална психолошка функција.
– Витаминот Ц придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
– Витаминот Ц придонесува за регенерација на редуцираната форма на витамин Е.
– Витаминот Б₁₂ придонесува за нормално формирање на црвените крвни клетки.
– Витаминот Б₁₂ придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеинот.
Дозирање и начин на примена
Еднаш дневно, по една кесичка. Треба да се растопи директно во устата.
Пакување
Картонската кутија содржи 30 кесички и упатство за употреба.