
Состав
– 0,6 mg амилметилкрезол (AMC);
– 1,2 mg дихлоробензил алкохол (DCBA) и
– 2 mg лидокаин.
Фармацевтска форма
Пастили со портокалова боја и со вкус на портокал.
Дејство
Двата антисептици (AMC и DCBA) синергично дејствуваат антивирусно, антибактериски и антифунгално. Лидокаинот дополнително дејствува анестетички.
Индикации
Се употребуваат за симптоматско олеснување на болката при инфекции на устата и на грлото, вклучително и при тешки облици на болно грло. Се употребуваат кај возрасни и кај деца постари од 12 години.
Пакување
Кутија со 16 пастили (2 блистери) и упатство за пациентот.
Регулаторен статус
ОТЦ (без рецепт).
