Здравата кожа е одраз на севкупното здравје, а никогаш не е прерано да почнете да мислите на виталноста на вашите зглобови.
Колагенот е најзастапениот протеин во човековиот организам и опфаќа од 25 до 30 % од вкупните протеини во телото. Тој е составен дел на повеќе ткива во нашето тело, вклучувајќи ги кожата, коските, ’рскавиците, тетивите, лигаментите, крвните садови, непцата и забите, и е неопходен за одржување на нивната нормална структура, цврстина и функција.
Дали знаете дека? Се смета дека со зголемувањето на возраста и со процесот на стареење опаѓа способноста на нашиот организам за создавање колаген за 1,5 % годишно, а во периодот по четириесеттата година од животот може да достигне намалување од 25 %.
Во овој дел ќе ви дадеме корисни совети и информации за нега на вашата кожа и за грижа за зглобовите.
Секако, проверете го нашиот производ кој се издава без рецепт за да добиете повеќе информации за тоа како може да ви помогне да ги одржите витални вашата кожа и зглобови.