Контролор:
АЛКАЛОИД АД Скопје
бул. „Александар Македонски“ бр. 12
1000 Скопје
Република Северна Македонија
(во натамошниот текст „АЛКАЛОИД“)
АЛКАЛОИД АД Скопје ѝ посветува значително внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси, преку примена на стандардите утврдени со законските и со подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со интерните акти на компанијата.
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб-страница (во натамошниот текст „страница“) и/или кога ја користите на друг начин, односно кога се регистрирате на неа.
Оваа политика на приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник бр. 42 од 16.2.2020 година.
КОИ СЕ ПРАВНИТЕ ОСНОВИ И ЦЕЛИТЕ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
Ние ја почитуваме вашата приватност и собираме, обработуваме и чуваме лични податоци законито, транспарентно и правично, во согласност со законските прописи и со правните основи утврдени во нив. Правен основ за собирање на вашите лични податоци е вашата согласност, или законска обврска или легитимен интерес на АЛКАЛОИД. Личните податоци ги обработуваме со цел ефикасно обезбедување на бараната услуга, исполнување на законските обврски, пријавување на несаканите ефекти, испраќање известувања и најефикасен одговор на вашето барање. Притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат.
Собраните податоци може да бидат обработени за следниве цели:
НА КОЈ НАЧИН ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Во зависност од тоа како ќе изберете да комуницирате со нас, ние собираме разни видови податоци за вас. Понекогаш ни ги давате директно (на пр. кога креирате ваш профил, кога ќе ни поставите прашање и сл), понекогаш ги собираме ние (на пр. користиме колачиња за да разбереме како ги користите нашите страници/апликации), а понекогаш добиваме податоци од веб-страници/апликации на трети страни (социјални мрежи).
Личните податоци што ги доставувате при користење на секцијата „Контактирајте не“ и „Советувајте се со експерт“ се користат со цел да одговориме на вашето прашање или барање или да размениме дополнителни податоци поврзани со барањето, со што овие податоци ги чуваме како референтни податоци во системите дизајнирани за управување со обезбедените информации. АЛКАЛОИД може да биде задолжен доставените податоци да ги проследи до надлежните органи доколку постои законска обврска за тоа (пр. во случаеви кога пријавувате несакани рекации од производот). Вашите лични податоци нема да се користат за ниедна друга цел.
Собираме податоци преку социјалните мрежи и платформи, преку содржината што самите ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи или платформи на трети страни или доколку самите ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или платформите на трети страни како што се Фејсбук, Инстаграм, Линкдин, Youtube и сл. Содржината може да вклучува фотографии, видеа, лични приказни или други слични содржини поврзани со АЛКАЛОИД и со производи на АЛКАЛОИД, како и споделени вакви податоци со цел учество во организирани натпревари и во промотивни активности. За повеќе информации во врска со натпреварите и со другите промотивни активности видете ги официјалните правила за натпреварите и/или деталите објавени за секој натпревар/промотивна активност одделно. Запомнете дека сета содржина што ја објавувате на социјалните мрежи и платформи е достапна за јавноста, па затоа бидете внимателни кога споделувате одредени лични податоци. Наедно, собираме податоци за вас секогаш кога комуницирате со нас преку социјалните мрежи и платформи, но и секогаш кога ја користите функцијата за социјално вмрежување, интегрирана на страниците на АЛКАЛОИД. Обработката на вашите лични податоци е доброволна и во секое време може да ја повлечете својата согласност за овие цели, со тоа што за подетални информации видете во секцијата „Кои се вашите права“(link). За да дознаете повеќе како ги добива АЛКАЛОИД вашите податоци од социјалните мрежи на трети страни или да изберете да не споделувате информации од социјалните мрежи, прочитајте ја политиката за приватност на соодветната социјална мрежа и платформа.
КОИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ЗА ВАС?
Може да ја користите нашата страница без да ги откриете своите лични податоци. Немате обврска да ги откривате своите лични податоци како услов за користење на нашата страница, освен ако доброволно не доставите податоци или ако користите еден од достапните обрасци за одредена цел.
Бидејќи целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци, ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на потребите за целите за кои се обработуваат.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата страница, нашиот веб-сервер привремено ги регистрира вашата IP-адреса, типот на прелистувач, времето на посета и линкот до посетената страница.
Видовите лични податоци што ги собираме зависат од категориите на испитаниците и од активностите на обработка.
КАКО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
АЛКАЛОИД ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највисоко ниво на тајност и на заштита на обработката на вашите лични податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на нив. Пристапот до вашите лични податоци е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци заради остварување на целта за која се дадени.
Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата страница со трети лица, освен во случај на ангажирање даватели на услуги, доколку АЛКАЛОИД ги ангажира како обработувачи, со што ќе бидат обврзани да постапуваат според упатствата на АЛКАЛОИД и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедување на тие услуги, во согласност со апликативните законски прописи за заштита на личните податоци.
Ниту ние ниту нашите партнери нема да ги пренесеме вашите лични податоци на трети страни во каква било форма, освен ако не добиеме ваша согласност или ако сме законски обврзани да го сториме тоа. АЛКАЛОИД задржува контрола над употребата на овие податоци.
ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ
АЛКАЛОИД користи алатки и услуги од даватели на услуги, и надвор од Северна Македонија и Европската Унија (Трети земји)
Притоа, АЛКАЛОИД презема мерки за да обезбеди дека вашите лични податоци се доволно заштитени со (i) наметнување на истото ниво на заштита на партнерот-давател на услуга што се бара според локалните закони за заштита на податоци/приватност што се применуваат на АЛКАЛОИД и (ii) соработува со партнер од трета земја што е идентификуван како безбеден од Агенција за заштита на лични податоци и/или ќе се осигура дека се применуваат соодветни заштитни мерки за преносот како што се бара со законодавството на ЕУ.
Ние сме должни да ве предупредиме дека одредени трети страни кои управуваат со услугите обезбедени на оваа веб-локација ги пренесуваат или можат да ги пренесат вашите лични податоци во САД каде што истите може да се споделат со разузнавачките служби во согласност со прописите кои се во сила во САД. Согласно овие прописи, Вашите права за заштита на личните податоци во САД може да бидат ограничени.
Ние се грижиме за заштитата на вашите податоци и токму затоа воведовме механизми кои ќе овозможат повисоко ниво на заштита. Ние пренесуваме лични податоци само врз основа на ваша согласност, која секогаш можете да ја промените во поставките што се наоѓа тука: Политика за колачиња.
РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно за да се исполнат сите горенаведени цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани. АЛКАЛОИД АД Скопје чува одредени лични податоци во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на компанијата и само во траење кое е потребно за остварување на целта заради која се собрани.
Доколку сте дале согласност, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци сè додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта заради која се обработуваат личните податоци на субјектот, тие ќе бидат избришани и во случај кога субјектот не побарал повлекување на дадената согласност. Доколку направите основан приговор за обработка на личните податоци, заснован на легитимен интерес, ние нема да ги обработуваме вашите лични податоци во иднина. Доколку се поведат судски, административни или вонсудски постапки, личните податоци може да се чуваат до крајот на таквата постапка, вклучувајќи го и можниот период за поднесување правни лекови.
КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?
AЛКАЛОИД гарантира остварување на сите ваши законски права во врска со обработката на вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од АЛКАЛОИД:
право на пристап – право да поднесете барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани;
право на исправка – доколку откриете дека вашите лични податоци што ги обработува АЛКАЛОИД не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка;
право на бришење – право да побарате од АЛКАЛОИД да ги избрише вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на ограничување на обработката – право да побарате АЛКАЛОИД да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на преносливост на податоците – право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од АЛКАЛОИД;
право на приговор – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон и
право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете својата согласност за користење на вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следниот линк пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени подолу.
Во секое време, доколку имате дополнителни прашања, може да ни се обратите на адресата:
АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
бул. „Александар Македонски“ бр. 12,
1000 Скопје
за офицерот за заштита на лични податоци
или
на електронската адреса на офицерот за заштита на личните податоци:[email protected]
Со цел да ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:
Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци од страна на АЛКАЛОИД не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци.
ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност повремено може да се менува.
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе постави ажурирана верзија на политиката за приватност на оваа страница.
20. 06. 2023