Состав
Производот е формулиран како кесичка со две одделни прегради, при што секоја од нив содржи посебен прашок за растворање. Во едната преграда се наоѓа прашокот што содржи витамини и минерали (витамин Ц, витамин Е, витамин А, витамин Д, витамин ПП, пантотенска киселина, витамин Б₁, витамин Б₂, витамин Б₆, биотин, фолна киселина, цинк, јод, калциум, бета-каротен), додека во другата преграда се наоѓа прашокот што содржи пробиотик (Lactobacillus rhamnosus GG).
Фармацевтска форма
Прашок за растворање.
Дејство
Lactobacillus rhamnosus GG придонесува за одржување на рамнотежата на цревната микрофлора.
Употреба
Производот е наменет за перорална употреба.
Препорачана дневна доза:
Деца од 1 до 3 години: 1 кесичка на ден.
Деца над 4 години: 1 – 2 кесички на ден.
Содржината од една кесичка се раствора во вода или во друга течност со собна температура (млеко, сок или јогурт).
Пакување
Картонската кутија содржи 14 кесички и упатство за употреба.