Како да го подобриш функционирањето на имунолошкиот систем во неколку чекори?

Далеку од вистината е тоа дека една чаша сок од лимон и ѓумбир наутро магично ќе го подобри твојот имунитет и ќе те заштити од штетните бактерии и инфекции.

Градењето силен имунолошки систем не се случува преку ноќ. Сепак, постојат неколку начини како можеш да го зајакнеш својот имунитетот. 

1. Пиј многу вода

Пиењето вода е најбрзиот начин за твојот имунолошки систем да може да спречи инфекција.

За да функционира правилно, твојот имунолошки систем во голема мера се потпира на хранливите материи во твојот крвоток, кој претежно се состои од вода. Без вода клетките и ткивата на имунолошки систем не ги добиваат хранливите материи што им се потребни.

Дополнително, имунолошкиот систем се потпира на вода за да ги исфрли бактериите и отпадните материи.

Правилото за пиење вода е следново: најмалку 1 литар вода на 25 килограми тежина.

2. Спиј доволно

Дали си забележал/а дека кога нема добро да се наспиеш, се чувствуваш многу раздразнето?

Спиењето е исто толку важно колку и пиењето вода бидејќи му овозможува на телото да се рестартира и да се подготви за следниот ден.

Кога си кратиш од сонот, тоа го прави твоето тело ранливо на многу заразни агенси. 

Спиењето 7 до 8 часа навечер е клучот за зајакнување на имунитетот.

3.Вежбај неколкупати неделно

Вежбањето не само што ќе ти помогне да си го обликуваш телото туку и ќе ги исфрли штетните бактериите од белите дробови и од дишните патишта, со што ќе се намалат шансите да се разболиш.

Исто така, вежбањето го стимулира твојот имунолошки систем и се бори со хормоните за стрес.

Алтернатива на вежбањето може да бидат брзото одење или возењето велосипед.

  • Витамин Ц, Д, Б12, цинк и селен

Овие витамини и минерали значително ја подобруваат твојата одбрана од патогени бактерии и се клучни за имунитетот.

Недостатоците од овие хранливи материи се поврзани со почестите и потешки случаи на неколку состојби/заболувања, вклучувајќи дијареја, настинка, пневмонија и други инфекции на респираторниот тракт.

4.Зготви си супа од коски

Ако досега не си пробал/а супа од коски, ќе те премислиме. Најдобро е таа да биде од говедски коски, но можеш да ја направиш и со пилешки коски.

Еве како може да ти помогне супата од коски:

✅ Ги ублажува симптомите на настинка.

✅ Ги чисти респираторните патишта.

✅ Го намалува воспалителниот процес благодарение на аминокиселините глицин, пролин и аргинин.

✅ Одличен извор на колаген и на протеини.

✅ Прави детоксификација на црниот дроб поради дејството на глицинот.

За да дознаете повеќе за MULTI ESSENCE имуно и како може овој додаток да го подобри вашиот имунолошки систем, прочитајте повеќе на https://zdravjebezrecept.mk/product/multi-essence-imuno/