Здравата исхрана е најдобар начин да се добијат потребните витамини и минерали. Но пред планирана бременост, за време на бременост и во периодот на доење потребите на организмот се поинакви и, вообичаено, недостигаат клучните хранливи материи кои се неопходни за добар раст и развој на плодот, како и за заштита на здравјето на бремената жена. Во согласност со постојаните истражувања и следења, воспоставени се јасни препораки за суплементација во овие периоди. Фолната киселина е синтетска форма на витаминот Б9, познат како фолат, супстанција која природно се наоѓа во храната и која е клучен фактор во создавањето ДНК, учествува во формирањето и во функцијата на сите клетки, неопходна е за нормален развој и за превенција на дефекти на нервниот систем и учествува во намалувањето на нивоата на хомоцистеин. Фолатите можат природно да се најдат во храната или како додаток во форма на фолна киселина. Фолната киселина и фолатите од храната не се биолошки активни. По внесувањето во организмот, за да може да се искористат, треба да се претворат во метаболички активниот 5-метилтетрахидрофолат (5-MTHF). Во овој процес клучна улога има ензимот метилентетрахидрофолат редуктаза (MTHFR). Тој е еден од најважните ензими во физиологијата на човекот, а недостигот или нарушената функција се поврзани со зголемениот ризик од различни болести. Некои индивидуи поради генетски фактори не произведуваат ефикасен ензим MTHFR и затоа не можат да ја искористат фолната киселина од храната или од суплементите. Овие дефекти поврзани со MTHFR се чести, со варијации меѓу етнички групи и региони. Најсовремените научни истражувања откриваат дека овој т.н. полиморфизам на MTHFR е ризик-фактор за многу хронични болести. Кај луѓето со ваква мутација неопходно е внесувањето биолошки активна форма на фолната киселина, како и четвртата генерација на биолошки активната форма на фолната кислеина – Quatrefolic ®
Суплементацијата со биолошки активната форма на фолната киселина, како што е четвртата генерација на Quatrefolic ®, е особено важна во периодот на планирање бременост и во првите недели, уште пред потврдување на бременоста, бидејќи тогаш започнува формирањето на феталната нервна туба. Препорачана дневна доза е 400 микрограми.
Суплементацијата со биолошки активната форма на фолната киселина, како што е четвртата генерација на Quatrefolic ®, е особено важна во периодот на планирање бременост и во првите недели, уште пред потврдување на бременоста, бидејќи тогаш започнува формирањето на феталната нервна туба. Препорачана дневна доза е 400 микрограми.
Најдобар избор се комбинации на суплементи кои се безбедни, кои докажано помагаат за нормален тек и исход на бременоста и кои ги содржат сите неопходни витамини, минерали и ДХА, како и четвртата генерација на биолошки активната форма на фолната кислеина – Quatrefolic ®.
доц. д-р Корнелија Трајкова
Специјалист гинеколог акушер КБ „Аџибадем Систина“