Која е разликата меѓу менструалната болка и ендометриозата?

Болката е заеднички именител за менструацијата и за ендометриозата. Но која е разликата меѓу овие две состојби?

Да дознаеме заедно.

Менструална болка или ендометриоза: која е разликата?

Ендометриозата е состојба при која ткиво слично на слузницата на матката почнува да расте на други места, како на пример на јајниците и на јајцеводите. Тоа е болна состојба со симптоми како силни менструални грчеви, како и абнормално или обилно менструално крвавење. Многу жени кои болуваат од ендометриоза чувствуваат болка и за време на полов однос. Исто така, некои жени можат да имаат хронични и јаки болки во карлицата дури и кога немаат менструација. 

Како можете да утврдите дали имате ендометриоза или класична менструална болка? Општо правило е дека болката при ендометриоза е многу појака, но, секако, консултирајте се со својот гинеколог за да бидете сигурни дали се работи за ендометриоза или не.

Може ли да се олесни болката поврзана со менструација и со ендометриоза?

Во зависност од сериозноста на вашите симптоми и од нивото на болката, некои лекови навистина можат да ја ублажат болката за време на тие непријатни денови во месецот. Секако, добро е да се консултирате со својот гинеколог во врска со вашиот план за лекување.

А сега малку за нешто што им претставува проблем на многу жени, дури повеќе и од главоболките и од мачнините, а се работи за болните менструации. Самиот термин болни менструации има негативен призвук, и тоа со право. Со сигурност можеме да кажеме дека поголем дел од женската популација се соочува со таков тип болка секој месец. Тоа е болен и чувствителен период низ кој жените поминуваат секој месец, но болката е само дел од проблемот.

ПМС и менструална болка: одат ли рака под рака?

Менструалната болка е доволно незгодна сама по себе. Но честопати постои и уште еден причинител на проблемот. Предменструалниот синдром доаѓа пред менструалната болка и е незгоден баш како што навестува и неговото име. Зошто? Затоа што опфаќа комбинација на симптоми (психолошки и физички), а најчесто почнува една или две недели пред самата менструација. Променето ниво на хормоните, неконтролиран апетит и надуеност се само некои од симптомите. Не е секогаш лесно да се биде жена. Колку од нас би сакале да планинарат, да одат на јога или едноставно да живеат вообичаен, продуктивен начин на живот и во “оние” денови? Колку често се склопчувате во кревет со перниче за греење на стомакот? Веруваме често. За среќа постојат едноставни и ефективни решенија за овие проблеми.

До менструација доаѓа кога матката ја отфрла слузницата еднаш месечно. Понекогаш болката е присутна за време на целата менструација. Болната менструација уште се нарекува и дисменореја.

Материите во телото познати како простагландини се една од причините за дисменореја. Пред почетокот на секоја менструација се зголемува нивото на простагландини во слузницата на матката. Тие се највисоки првиот ден од менструацијата, а најјака е болката која се јавува заедно со крвавењето. Тоа не се пријатни денови во месецот, но постојат начини за ублажување на болката. Да ги погледнеме.

Како да си помогнете при болни менструации?

Иако менструалната болка за некого е речиси неизбежна, можете да ја ублажите и да ја лечите, за да си овозможите функционален и продуктивен стил на живот. Некои фармацевтски производи кои содржат магнезиум, употребата на перниче за греење, долгите топли купки, па дури и чајот од камилица во одредена мера можат да помогнат за ублажување на болката. Лековите без рецепта против болка или аналгетиците се многу ефикасни против болните менструации.

Лековите без рецепт како ибупрофен лизинат се одличен избор за ублажување на менструалната болката. Ибупрофен лизинатот е сол на ибупрофенот кој има аналгетско, антиинфламаторно и антипиретично дејство. Истиот е високоефикасен аналгетик со многу брзо дејство, во споредба со чистиот ибупрофен. Терапевтскиот ефект е резултат на инхибиција на синтезата на простагландините. Кај пациентите со примарна дисменореја, ибупрофенот ги намалува зголемените нивоа на простагландините во менструалната течност, го намалува интраутериниот притисок и фрекфренцијата на утерините контракции.