Седум најчести грешки што го нарушуваат вашето кардиоваскуларно здравје

Сите знаеме колку е важно да внимаваме на здравјето на нашето срце. Но, колку навистина го правиме тоа?

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во земјава. Болестите на циркулаторниот систем учествуваат со 53,5 % во вкупниот морталитет и се на првото место во структурата на причини за смрт.

Кои се најчестите грешки кои ги правите свесно или несвесно, а кои го нарушуваат вашето кардиоваскуларно здравје?

Грешка 1: Водите нездрав начин на живот

Не е предоцна да се сменат животните навики, дури и ако имате повеќе од 60 години.

Промени во животниот стил што ќе ви помогнат да го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести се следниве:

  • Престанете да пушите.
  • Вежбајте редовно според советите на вашиот кардиолог.
  • Јадете здрава, урамнотежена исхрана со малку масти и калории.
  • Контролирајте ја својата тежина.
  • Контролирајте го својот крвен притисок.
  • Контролирајте го нивото на холестерол.
  • Контролирајте ги дијабетесот или какви било други абнормалности на шеќерот во крвта.

Грешка 2: Избегнувате вежбање

Можеби сте загрижени дека ќе го преоптоварите своето срце, па затоа избегнувате физичка активност. Но, редовното вежбање, всушност, може да биде една од најдобрите работи што можете да ги направите за своето срце. 

Вежбањето помага да се контролираат ризиците од срцев удар поврзани со тежината, холестеролот, крвниот притисок и со шеќерот во крвта. 

За здраво срце експертите препорачуваат умерени аеробни вежби најмалку 2,5 часа секоја недела, како на пример трчање, пешачење, пилатес, јога, пливање и аеробик.

Доколку веќе имате кардиоваскуларна болест, консултирајте се со фитнес-тренер и со својот кардиолог за видот на вежби и за нивниот интензитет.

Грешка 3: Не му поставувате доволно прашања на вашиот кардиолог

Не сакате да го оптоварувате вашиот кардиолог со прашања, па затоа ги пребарувате одговорите на интернет. Тоа е голема грешка.

Вашиот кардиолог е вашиот најголем сојузник кога станува збор за кардиоваскуларното здравје. Пред секој преглед напишете листа на прашања што би сакале да му ги поставите. 

Не заборавајте – не постојат погрешни прашања кога се работи за вашето здравје.

Грешка 4: Не ја користите технологијата во полза на здравјето

Срцевиот ритам е важна мерка за здравјето и за кондицијата. 

Без разлика дали одмарате, пешачите или имате интензивен кардио-тренинг, користете ги придобивките од фитнес-апликациите за да го следите пулсот на срцето, за да го измерите крвниот притисок и за да си направите стрес-тест.

Денес може да најдете безброј бесплатни апликации на GooglePlay и на AppStore што го следат отчукувањето на вашето срце со помош на камерата на телефонот.

Грешка 5: Сметате дека сте премногу млади за срцеви болести

Срцевиот удар повеќе не е само болест на старите луѓе. Процентот на лица помлади од 40 години кои страдаат од срцев удар се зголемува за 2 % секоја година.

Статистички, мажите, во просек, развиваат срцеви заболувања 10 години порано од жените. 

Отстранете го погрешното верување дека сте премногу млади за да имате срцеви заболувања или за да доживеете срцев удар. 

Почнете да се фокусирате на начините на кои можете да го подобрите своето кардиоваскуларно здравје и да ги ублажите факторите на ризик. 

Имајте на ум дека луѓето кои не пушат, кои имаат нормална телесна тежина и редовна физичка активност и кои се хранат здраво и балансирано го намалуваат ризикот од срцеви заболувања речиси за 50 %.

Грешка 6: Непроверените информации на интернет може да направат повеќе штета, отколку корист

Во случај да имате какви било симптоми, како на пример болка во градите, забрзано дишење или потење, наместо да пребарувате на интернет, веднаш консултирајте се со доктор. 

Социјалните платформи како што се YouTube, Facebook, Instagram и форумите може да бидат корисен извор за некои здравствени проблеми на општо ниво. Но, кога станува збор за здравјето на вашето срце, најсигурните извори на кои треба им верувате се проверените информации од стручни веб-портали и, секако, вашиот кардиолог. 

Грешка 7: Не користите додатоци во исхраната за подобрување на кардиоваскуларното здравје

Додатоците во исхраната се одличен начин за да го подобрите своето кардиоваскуларно здравје и за да го намалите ризикот од срцеви заболувања.

Додатоците во исхраната на база на крилово масло се препорачуваат за регулирање на нивото на холестерол во крвта и придонесуваат за нормално функционирање на срцето и на крвните садови. Тие дејствуваат позитивно врз намалувањето на вкупниот холестерол и на LDL-фракцијата (лошиот холестерол), а дејствуваат превентивно врз HDL-фракцијата (добриот холестерол).

Дознајте повеќе зошто Биокрил актив е вашиот сојузник за подобро срце и кардиоваскуларно здравје: https://zdravjebezrecept.mk/brand/biokrill/