BECUTAN KIDS VITS МУЛТИОМЕГА-3

Состав

Производот содржи комбинација на рибини масла богати со омега-3 масни киселини (DHA и EPA), витамини и минерали (витамин Б₁, витамин Б₂, витамин Б₆, витамин Б₁₂, биотин, фолна киселина, нијацин, пантотенска киселина, витамин Д, витамин К, цинк, јод).

Фармацевтска форма

Сируп.

Дејство

Намената на сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 е да ја збогати детската исхрана со омега-3 масни киселини и со есенцијални витамини и минерали коишто го поддржуваат интелектуалниот развој на децата.

  • ДХА (докозахексаноична киселина) придонесува за одржување нормална мозочна функција.
  • Цинкот и јодот придонесуваат за нормална когнитивна функција.
  • Јодот, витаминот Б₁, витаминот Б₂, витаминот Б₃, витаминот Б₆, витаминот Б₁₂ и биотинот придонесуваат за нормална функција на нервниот систем.
  • Витаминот Б₂, витаминот Б₃, витаминот Б₁₂, фолната киселина и пантотенската киселина придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • ДХА, витаминот Б₂ и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид.

Употреба

Производот е наменет за перорална употреба.

Препорачана дневна доза:

Деца од 1 до 3 години: 1 кафена лажичка (5 ml).

Деца над 4 години: 2 кафени лажички (10 ml).

Да се протресе пред употреба.

По отворањето сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 треба да се чува во фрижидер.

Да се употреби во рок од 60 дена по првото отворање.

Пакување

Картонската кутија содржи шише од 250 ml, упатство за употреба и лажичка за одмерување.

BECUTAN KIDS VITS МУЛТИИМУНО

Состав

Производот е формулиран како кесичка со две одделни прегради, при што секоја од нив содржи посебен прашок за растворање. Во едната преграда се наоѓа прашокот што содржи витамини и минерали (витамин Ц, витамин Е, витамин А, витамин Д, витамин ПП, пантотенска киселина, витамин Б₁, витамин Б₂, витамин Б₆, биотин, фолна киселина, цинк, јод, калциум, бета-каротен), додека во другата преграда се наоѓа прашокот што содржи пробиотик (Lactobacillus rhamnosus GG).

Фармацевтска форма

Прашок за растворање.

Дејство

Lactobacillus rhamnosus GG придонесува за одржување на рамнотежата на цревната микрофлора.

  • Витаминот Ц, витаминот А, витаминот Д, витаминот Б₆, фолната киселина и цинкот придонесуваат за одржување нормална функција на имунолошкиот систем.
  • Витаминот Ц, витаминот Е и цинкот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
  • Витаминот Ц, пантотенската киселина, витаминот Б₆, нијацинот и фолната киселина придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Lactobacillus rhamnosus GG придонесува за одржување на рамнотежата на цревната микрофлора.

Употреба

Производот е наменет за перорална употреба.

Препорачана дневна доза:

Деца од 1 до 3 години: 1 кесичка на ден.

Деца над 4 години: 1 – 2 кесички на ден.

Содржината од една кесичка се раствора во вода или во друга течност со собна температура (млеко, сок или јогурт).

Пакување

Картонската кутија содржи 14 кесички и упатство за употреба.

BECUTAN KIDS VITS Б-КОМПЛЕКС

Состав

Производот содржи комбинација на 7 витамини од групата Б-комплекс (витамин Б₁, витамин Б₂, витамин Б₃, витамин Б₆, витамин Б₁₂, пантотенска киселина и биотин).

Фармацевтска форма

Сируп.

Дејство

Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс е дизајниран како поддршка на разновидната исхрана кај децата. Помага за нормално искористување на енергијата во организмот и за намалување на заморот и на исцрпеноста.

  • Витаминот Б₁ придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето.
  • Витаминот Б₂ придонесува за нормална функција на нервниот систем, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес.
  • Нијацинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција.
  • Витаминот Б₆ придонесува за нормална функција на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот; придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки и за нормална функција на имунолошкиот систем.
  • Витаминот Б₁₂ придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем; придонесува и за нормално создавање црвени крвни клетки.
  • Пантотенската киселина придонесува за нормална ментална функција.
  • Биотинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормален метаболизам на макронутриентите, како и за нормална психолошка функција; придонесува за одржување нормална коса, кожа и мукозни мембрани.

Употреба

Производот е наменет за перорална употреба.

Препорачана дневна доза:

Деца од 1 до 3 години: ½ кафена лажичка (2,5 ml).

Деца над 4 години: 1 кафена лажичка (5 ml).

Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс се зема по оброк.

По потреба може да се раствори во вода или во овошен сок.

Да се протресе пред употреба.

Пакување

Картонската кутија содржи шише од 100 ml, упатство за употреба и лажичка за полесно одмерување.

BECUTAN KIDS VITS ПРОТИВ ГРЧЕВИ

Состав

Симетикон во маслиново масло, витамин А, витамин Е и коензим Q10.

Фармацевтска форма

Капки за орална употреба, маслена емулзија.

Индикации

Becutan KIDS VITS против грчеви е медицинско средство индицирано за терапија на:

  • грчеви кај бебиња, деца и кај возрасни лица;
  • гастроинтестинална подуеност;
  • диспептични нарушувања.

Дозирање и начин на употреба

Единечна доза: 20 капки од Becutan KIDS VITS против грчеви содржат 40 mg симетикон.

Возрасни лица: 20 – 40 капки, по можност растворени во течност, пожелно е да се земаат по оброците, 2 – 4 пати на ден или согласно со препораките од докторот.

Деца: 20 капки, по можност растворени во течност, пожелно е да се земаат по оброците, 1 – 3 пати на ден или согласно со препораките од докторот.

Бебиња: 20 капки, по можност растворени во течност, пожелно е да се земаат по доење или по оброк, 1 – 2 пати на ден или согласно со препораките од докторот.

Пред употреба шишето треба добро да се протресе.

Производот не треба да се користи доколку изминат повеќе од 30 дена од отворањето.