Значењето на Premama Duo Quatrefolic® во планирањето бременост, како и за време, на и по породувањето-доц. д-р Корнелија Трајкова

Здравата исхрана е најдобар начин да се добијат потребните витамини и минерали. Но пред планирана бременост, за време на бременост и во периодот на доење потребите на организмот се поинакви и, вообичаено, недостигаат клучните хранливи материи кои се неопходни за добар раст и развој на плодот, како и за заштита на здравјето на бремената жена. Во согласност со постојаните истражувања и следења, воспоставени се јасни препораки за суплементација во овие периоди. Фолната киселина е синтетска форма на витаминот Б9, познат како фолат, супстанција која природно се наоѓа во храната и која е клучен фактор во создавањето ДНК, учествува во формирањето и во функцијата на сите клетки, неопходна е за нормален развој и за превенција на дефекти на нервниот систем и учествува во намалувањето на нивоата на хомоцистеин. Фолатите можат природно да се најдат во храната или како додаток во форма на фолна киселина. Фолната киселина и фолатите од храната не се биолошки активни. По внесувањето во организмот, за да може да се искористат, треба да се претворат во метаболички активниот 5-метилтетрахидрофолат (5-MTHF). Во овој процес клучна улога има ензимот метилентетрахидрофолат редуктаза (MTHFR). Тој е еден од најважните ензими во физиологијата на човекот, а недостигот или нарушената функција се поврзани со зголемениот ризик од различни болести. Некои индивидуи поради генетски фактори не произведуваат ефикасен ензим MTHFR и затоа не можат да ја искористат фолната киселина од храната или од суплементите. Овие дефекти поврзани со MTHFR се чести, со варијации меѓу етнички групи и региони. Најсовремените научни истражувања откриваат дека овој т.н. полиморфизам на MTHFR е ризик-фактор за многу хронични болести. Кај луѓето со ваква мутација неопходно е внесувањето биолошки активна форма на фолната киселина, како и четвртата генерација на биолошки активната форма на фолната кислеина – Quatrefolic ®

Суплементацијата со биолошки активната форма на фолната киселина, како што е четвртата генерација на Quatrefolic ®, е особено важна во периодот на планирање бременост и во првите недели, уште пред потврдување на бременоста, бидејќи тогаш започнува формирањето на феталната нервна туба. Препорачана дневна доза е 400 микрограми.

Суплементацијата со биолошки активната форма на фолната киселина, како што е четвртата генерација на Quatrefolic ®, е особено важна во периодот на планирање бременост и во првите недели, уште пред потврдување на бременоста, бидејќи тогаш започнува формирањето на феталната нервна туба. Препорачана дневна доза е 400 микрограми.

Најдобар избор се комбинации на суплементи кои се безбедни, кои докажано помагаат за нормален тек и исход на бременоста и кои ги содржат сите неопходни витамини, минерали и ДХА, како и четвртата генерација на биолошки активната форма на фолната кислеина – Quatrefolic ®.

доц. д-р Корнелија Трајкова
Специјалист гинеколог акушер КБ „Аџибадем Систина“

Што треба да се јаде во текот на бременоста?

Листата на намирници што можете да ги јадете во бременоста е навистина долга. Но, ова не значи дека треба да јадете за двајца, туку да се храните двојно поквалитетно.

Во продолжение дознајте кои се шесте видови храна што треба да ги консумирате за одржување здрава и витална бременост.

Храна 1: Риба

За здрава бременост се препорачува неделно консумирање од 1-2 порции риба богата со масни киселини омега 3, кои се важни за правилен развој на бебешкиот мозок и на бебешките очи.

Безбеден избор се следниве видови риба:

  • лосос,
  • ослиќ,
  • пастрмка,
  • шкампи,
  • инчуни.

Внимавајте на рибите уловени во загадените мориња бидејќи можат да акумулираат големи количини жива, која е многу токсичен елемент.

Додека сте бремена и додека доите, најдобро е да избегнувате риба со високо ниво на жива, како на пример:

  • скуша,
  • ајкула,
  • сабјарка,
  • атлантски крап,
  • туна (особено биге-туна),
  • марлин.

Доколку не сте љубител на рибите, добра алтернатива се суплементите омега 3.

Храна 2: Фолати

Фолатите се клучни за спречување вродени дефекти кај плодот пред бременоста и за време на нејзиното траење, во првото тримесечје.

Храната богата со фолати која треба да се консумира во текот на целата бременост вклучува:

  • цвекло,
  • блитва,
  • аспарагус,
  • кафеав грав,
  • дуња,
  • портокали,
  • авокадо.

Најчесто е потребно да се додаде и фолна киселина како додаток во исхраната (барем 400 микрограми дневно), за да се спречи невролошки дефицит кај бебињата, особено во првиот триместар од бременоста.

Храна 3: Јогурт

Дали сте знаеле дека обичниот јогурт содржи повеќе калциум отколку млекото? Освен што е богат со протеини, витамин Б, цинк и со хранливи материи, јогуртот му помага на бебето за развивање здрави коски и заби.

Ако вашето тело има недостиг од калциум за време на бременоста, докторот ќе ви препорача додатоци во исхраната што содржат калциум, за да се сведат на минимум последиците од недостигот на калциум за бебето и за мајката.

Храна 4: Овесна каша

Овесната каша е еден од најдобрите оброци во бременоста бидејќи е полна со растителни влакна, протеини и со витамин Б6.

Овесната каша е одличен начин и за справување со една од најчестите појави во бременоста – констипацијата, но и за враќање на енергијата по утринските мачнини.

Може да ја вклучите и во различни комбинации, како на пример десерти, палачинки, мафини или смутија.

Храна 5: Немасно месо

Во бременоста на вашето тело му требаат многу повеќе протеини (околу 25 дополнителни грама на ден) за да обезбедите правилен раст и развој за мускулите на плодот.

Еден од најдобрите извори на протеини се говедското и свинското месо, кои се богати и со железо и со витамини од групата Б (Б6 и Б12).

Недоволното внесување железо може да ги наруши растот и развојот на бебето, да доведе до предвремено породување и до мала тежина на бебето, а кај мајките да предизвика анемија.

Витаминот Б12 помага за одржување здрави нерви и црвени крвни клетки, а витаминот Б6 помага за развој на мозокот и на ткивата на бебето, но помага и при ублажување на утринските мачнини.

Превентивно, или доколку крвните анализи покажат недостиг на овие витамини и минерали, вашиот доктор ќе ви ги препорача во вид на додатоци во исхраната.

Внимавајте месото што го консумирате секогаш да биде добро сварено или печено. Недоволно сварено или сурово месо го зголемува ризикот од инфекции како што се токсоплазмата, ешерихија коли, листеријата и салмонелата.

Дополнително, избегнувајте виршли и сувомесни производи. Овие видови месо лесно може да се заразат со разни бактерии за време на обработката или складирањето.

Храна 6: Јајца

Јајцата се златен стандард во исхраната на секоја бремена жена бидејќи се полни со протеини, фолна киселина, железо и со витамини од групата Б.

Сите овие витамини и минерали се особено важни за бремените жени заради развој на мозокот и на ’рбетниот мозок на бебето, како и на натамошната способност за учење, и заради подобра меморија.

Јајцата може да ги комбинирате со секаков оброк и во која било форма: на око, како омлет, печени или варени.

Бидете особено внимателни кога консумирате:

  • сосови со јајца,
  • домашен мајонез,
  • домашни преливи за салата,
  • домашен сладолед,
  • домашна глазура за торта.

Повеќето производи што можат да се купат во продавница, а што содржат јајца, се направени со пастеризирани јајца и се безбедни за консумирање. Сепак, секогаш треба да ја прочитате етикетата за да бидете сигурни.

Бонус совет: внимавајте на митот „да се јаде за двајца“

Внимавајте на митот „јадеш за двајца“. Треба да јадете двојно поквалитетно, а не количински како за двајца.

Како што напредува бременоста само треба постепено да го зголемувате бројот на калории што ќе ги внесете преку исхраната.

Водете се според следниве правила:

  • во првиот триместар продолжете со нормалната исхрана;
  • во вториот триместар зголемете за околу 350 калории дневно;
  • во третиот триместар зголемете за околу 450 калории дневно.

Не заборавајте дека оптималниот план за исхрана во бременост се состои од оброци и од закуски богати со протеини, зеленчук и овошје, здрави масти и со јаглехидрати богати со влакна, како на пример цели зрна грав и зеленчук со скроб.

За да дознаете повеќе за придобивките од „ПреМама Дуо“: https://zdravjebezrecept.mk/brand/premama-mk/

ПРЕМАМА ДУО

Состав

Една таблета соджи 11 витамини и 10 минерали.

Една капсула содржи 445 mg омега 3 масни киселини.

Фармацевтска форма

Таблети

Меки желатински капсули

Употреба

Таблетите и капсулите ПреМама Дуо, како додаток во исхраната, ги задоволуваат зголемените потреби од витамини, минерали и од омега 3 масни киселини пред, за време на и по бременоста.

Пакување

Картонската кутија содржи 30 таблети (3 блистери), 30 капсули (2 блистери) и упатство за употреба.

ПЛАНТАГИН

Состав

1 вагиторија содржи 0,8 g кантарионово масло (Oleum hyperici)

Фармацевтска форма

вагитории

Дејство

Во својот состав кантарионот содржи разновидни биолошки активни соединенија и има повеќе фармаколошки својства како антиинфламаторно, антибактериско, антивирусно и атстрингентно. Поради овие својства, кантарионот го намалува воспалението на ткивата и го зголемува регенеративното својство на ткивото, што води до негова побрза реепителизација и до враќање на еластичноста.

Индикации

  • За отстранување јадеж, леукореја и други знаци на воспаление во гинеколошката практика. Поволно дејствува при следниве состојби:
  • вагинални воспаленија со зголемен вагинален секрет;
  • промени на слузницата на цервиксот проследени со воспаление;
  • дегенеративни промени на цервикалната и на вагиналнатата слузница по зрачна терапија;
  • промени на вагиналната слузница во состојби на вагинална сувост од различно потекло, поради хормонален дисбаланс или менопауза.

Пакување

Кутија со 7 вагитории

КАФЕТИН МЕНСТРУАЛ

СОСТАВ

ibuprofen 200 mg (во форма на ibuprofen lysinate 342 mg)

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

филм-обложени таблети

ДЕЈСТВО

Кафетин менструал содржи ибупрофен лизинат – високоефикасен аналгетик со многу брзо дејство, во споредба со чистиот ибупрофен.

ИНДИКАЦИИ

Кафетин менструал се употребува за ублажување на менструалните болки и дејствува веќе по 15-20 минути.

ПАКУВАЊЕ

10 таблети во блистер, во кутија

БЕТАДИНЕ ВАГИТОРИИ

СОСТАВ

1 вагиторија содржи 200 mg povidone-iodine еквивалентен на 20 mg расположлив јод.

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

Вагитории

ГРУПА

Гинеколошки антиинфективи и антисептици

ДЕЈСТВО

Бетадине вагиториите како активен принцип содржат повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, каде што поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот. Во допир со слузокожата јодот полека се ослободува од комплексот и пројавува силно антимикробно и бактерицидно (грам-позитивни и грам-негативни бактерии), вируцидно, фунгицидно (Candida аlbicans) и протозоицидно (Trihomonas vaginalis) дејство.

ИНДИКАЦИИ

Бетадине вагиториите се индицирани за симптоматско ублажување на вагиналната надразнетост,

чешање и осетливост (неспецифичен вагинитис),

вагинитис заради мешана инфекција, вагинитис предизвикан од Candida albicans и Trihomonas vaginalis.

ПАКУВАЊЕ

14 вагитории

АЛКАВИТ ФОЛНА киселина 0,4mg

ФИЛМ-ОБЛОЖЕНA ТАБЛЕТA

СОСТАВ

folic acid 0,4 mg

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

филм-обложени таблети

ДЕЈСТВО

АЛКАВИТ® фолната киселина е неопходна за синтеза на нуклеопротеините и за хематопоеза. По ресорпцијата, фолната киселина брзо се редуцира на позициите 5, 6, 7 и 8 во својот активен метаболит-тетрахидрофолна киселина (фолинска киселина). Тетрахидрофолната киселина претставува коензим за различни метаболни процеси како што се: синтеза на пуринските и пиримидинските нуклеотиди, односно синтеза на DNK, конверзија на некои аминокиселини (претворање на хомоцистеин во метионин, претворање на серин во глицин) и синтеза на тимидилат.

ИНДИКАЦИИ

Фолната киселина е индицирана за превенција при појава на дефекти на невралната цевка, вклучувајќи и спина бифида, во развојот на фетусот.

ПАКУВАЊЕ

30 таблети