АЛВЕН КРЕМ (30.000IU/100G) и (50.000IU/100G)

...

СОСТАВ

1g крем содржи 300 I.E хепарин натриум, 3 mg алантоин, 4 mg декспантенол (30.000IU/100G)

1g крем содржи 500 I.E хепарин натриум, 3 mg алантоин, 4 mg декспантенол (50.000IU/100G)

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

крем

ДЕЈСТВО

Хепаринот, кој е главна супстанција во препаратот, се наоѓа и во човечкиот организам и манифестира антикоагулантно и антитромботично дејство. Понатаму, дејствува антагонистички на некои ендогени трансмитери (хистамин, серотонин, ацетилхолин), од каде што произлегува и неговото антиинфламаторно, антиедематозно, умерено спазмолитично и антиалергиско дејство. Комбинацијата со декспантенол и алантоин овозможува поголема апсорпција на хепаринот.

ИНДИКАЦИИ

– Профилактика и терапија на нарушувања од венско потекло, како што се: површински тромбофлебитис и флеботромбоза (воспаление на вените), флебитис по паравенски аплицирана инјекција, посттромботичен синдром, проширени вени, улкус на потколеницата (ulcus cruris), тапа болка во потколеницата, едем како резултат на венска инсуфициенција.

– Терапија на оток или на хематом по случајни или по спортски трауми, како што се: контузија, дисторзија, луксација или фрактура на коска.

– Забрзување на заздравувањето на постоперативните рани и терапија на лузни. – Терапија на тендовагинитис, бурзитис, епикондилитис.

...

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.