Состав
Производот содржи комбинација на 7 витамини од групата Б-комплекс (витамин Б₁, витамин Б₂, витамин Б₃, витамин Б₆, витамин Б₁₂, пантотенска киселина и биотин).
Фармацевтска форма
Сируп.
Дејство
Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс е дизајниран како поддршка на разновидната исхрана кај децата. Помага за нормално искористување на енергијата во организмот и за намалување на заморот и на исцрпеноста.
- Витаминот Б₁ придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето.
- Витаминот Б₂ придонесува за нормална функција на нервниот систем, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес.
- Нијацинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција.
- Витаминот Б₆ придонесува за нормална функција на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот; придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки и за нормална функција на имунолошкиот систем.
- Витаминот Б₁₂ придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем; придонесува и за нормално создавање црвени крвни клетки.
- Пантотенската киселина придонесува за нормална ментална функција.
- Биотинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормален метаболизам на макронутриентите, како и за нормална психолошка функција; придонесува за одржување нормална коса, кожа и мукозни мембрани.
Употреба
Производот е наменет за перорална употреба.
Препорачана дневна доза:
Деца од 1 до 3 години: ½ кафена лажичка (2,5 ml).
Деца над 4 години: 1 кафена лажичка (5 ml).
Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс се зема по оброк.
По потреба може да се раствори во вода или во овошен сок.
Да се протресе пред употреба.
Пакување
Картонската кутија содржи шише од 100 ml, упатство за употреба и лажичка за полесно одмерување.