Запознајте ги помошниците на кул родителите оваа сезона на грип

Поздрав, кул родители! Уморни ли сте од тоа вашето дете да се разболува секоја втора недела? Дали вашето малечко не оди во градинка или на училиште поради чести настинки и грип? Опуштете се и вдишете длабоко! Продолжете да читате и пронајдете неколку интересни решенија, кои со задоволство ги презентираме во оваа статија.

Но, прво, кои се главните причини за настинка и за грип кај децата?

Според детската болница „Стенфорд“, повеќето деца имаат најмалку 6 до 8 настинки годишно, а децата кои одат во градинка имаат уште повеќе. Исто така, децата почесто настинуваат во текот на есента и зимата, кога е времето постудено и кога владее сезоната на грип. Сепак, најдоминантна причина за грип и за настинки кај малите деца е помалата отпорност што ја имаат децата во споредба со возрасните.

Сите знаеме дека имунолошкиот систем на детето сè уште се развива и дека не е толку силен како имунолошкиот систем на возрасен човек. Понатаму, влажноста се намалува во текот на зимските месеци, што ги прави ноздрите посуви и го зголемува ризикот од инфекција. И на крај, но не и најмалку важно, училиштето или градинката се големи преносители кога станува збор за настинките или за грипот.

Повеќето настинки лесно се шират кога децата се во близок контакт, а во затворените средини на градинките се шират најлесно. Така, кога ќе ги земете предвид сите овие работи, може да разберете зошто вашето дете е испратено дома со висока температура и со течење на носот. Сепак, постојат решенија кои можат да помогнат во тоа.

Четири предлози како полесно да се справите со честите настинки кај детето

Да, настинките и грипот се речиси неизбежни, oсобено за малите деца во градинките и во училиштата. Сепак, постојат неколку работи што може да ги направите за да помогнете во справувањето со честите настинки на вашето дете и да му олесните за да ги надмине непријатностите и општите симптоми.

1. Прво, внимавајте на хигиената. И настинката и грипот се пренесуваат преку воздух ипреку близок контакт, па затоа е важно да одржувате добра хигиена кај вашето дете. Миењето на рацете е важно, а, исто така, и дезинфекцијата на површината. Последно, но, секако, не и најмалку важно, пуштете малку свеж воздух во затворените простории. Честото проветрување е, исто така, важно за создавање добро здравје и благосостојба.

2. Работете на имунолошкиот систем на детето. Никогаш не е прерано да се започне, но поддршката на имунолошкиот систем на вашето дете за време на престојот во градинка или на училишните месеци е од суштинско значење. Здравиот имунолошки систем ќе го олесни спречувањето на настинките и ќе го забрза процесот на заздравување. Едно од најдобрите решенија е додаток богат со витамини и минерали, кој може да содржи LGG-култура на микроорганизми, а потоа доаѓа и кралот на витамините – витаминот Д! Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата, а придонесува и за нормално функционирање на имунолошкиот систем на децата, особено кога нема многу сонце. Ако сакате да дознаете повеќе, кесичките Becutan Kids Vits Multiimmuno се пријавуваат на должност. Пријатни се, со вкус на портокал, па нема сомнеж дека вашето дете ќе ги сака.

3. Исто така, важно е да се одржуваат чисти дишните патишта. Настинката често доаѓа со течење на носот, а понекогаш тој е и затнат. Детскиот назален спреј на база на морска вода е природно и здраво решение за ова. Одлучете се за висококвалитетен производ без конзерванси. Доколку сте заинтересирани, дознајте повеќе за назалниот спреј Becutan Kids Vits, како и за целата линија, на официјалната веб-страница на Becutan Kids Vits. Пробајте!

4. Децата може да се пребирливи или да имаат аверзија спрема храната. Многу деца денес имаат и алергии, а понекогаш и навиките во исхраната на вашите деца може да се изгубена битка. Сето ова може да резултира со намалено внесување микронутриенти неопходни за нормален имунитет.

Ако оваа ситуација ви звучи познато, можеби ќе сакате да пробате течен додаток во исхраната со Becutan Kids Vits B-комплекс. Само една мерна лажица Becutan Kids Vits B-комплекс дневно е наменета за поддршка на разновидната исхрана кај вашето дете. Со додаток на пријатен вкус од ананас, сирупот содржи 7 витамини од групата Б.

Ние им помагаме да живеат здраво, а вие да живеат среќно!

Производите на Becutan Kids Vits се тука за да го олеснат животот на секој родител. Не е ни чудо што ги нарекуваме мали помошници на родителите. Сепак, посетете ја страницата Becutan Kids Vits овде. Таму ќе најдете информации за секој производ од линијата производи Kids Wits. Марко, Кико, Арчи, Томи и Лео со задоволство ќе ви посакаат добредојде и ќе одговорат на сите ваши прашања.

Додатокот во исхраната не претставува надоместување или замена за урамнотежената исхрана. Важно е да се придржувате до урамнотежената и разновидна исхрана и до здравиот начин на живот!