ДИАСТОП® за бебиња е пробиотик којшто содржи млечнокиселински бактерии од сојот Lactobacillus rhamnosus KP GG (ATCC 53103). Млечнокиселинските бактерии се нормално присутни во тенкото и дебелото црево.
СОСТАВ
Активни состојки 9 капки
Lactobacillus rhamnosus KP GG (ATCC 53103)
1 x 1010 CFU
Помошни состојки: триглицериди со среден синџир (од палмино масло), растително масло (путер од шеа), емулгатор: моно- и диглицериди на масни киселини.
Една доза од 9 капки (еднакво на 0,33 ml суспензија) содржи минимум 1 x 1010 CFU од сојот Lactobacillus rhamnosus KP GG (ATCC 53103).
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА ПРИМЕНА
Производот е наменет за перорална употреба. Пред секоја употреба шишенцето треба да се протресе добро за да се добие хомогена суспензија.
Препорачана дневна доза:
Новороденчиња, доенчиња и деца до 6 години: 9 капки дневно.
Земете 9 капки (еднакво на 0,33 ml суспензија) од производот, со мала количина на вода, млеко или други пијалоци на собна температура.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана.
ПАКУВАЊЕ
Картонската кутија содржи маслена суспензија спакувана во стаклено шише од 10 ml со капаче, градуирана капалка и упатство за употреба.
РОК НА УПОТРЕБА
Две (2) години.
НАЧИН НА ЧУВАЊЕ
Да се чува во оригиналното пакување на температура под 25°C, заштитено од влага и подалеку од извори на светлина и топлина. По секоја употреба шишенцето треба добро да се затвори и да се чува на собна температура.
По првото отворање, производот треба да се употреби во рок од пет недели.
Да се чува надвор од дофат на мали деца!
Произведено во Данска за АЛКАЛОИД АД Скопје, бул. Александар Македонски бр. 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија