Lactobacillus rhamnossus GG (LGG) во превенцијата и во третманот на акутниот гастроентеритис – д-р спец. Александар Сајковски

Lactobacillus rhamnossus GG (LGG) во третманот на акутниот гастроентеритис

Акутниот гастроентеритис е една од најчестите болести во детската возраст. Во високоразвиените земји тој е причина за повеќемилионски посети за преглед во примарната здравствена заштита и во ургентните центри, а во земјите во развој една од најчестите причини за хоспитализација на децата. Тој е сѐ уште една од водечките причини за смртен исход кај децата. Европското здружение за педијатриска гастроентерохепатологија и нутриција (EPSGHAN) акутниот гастроентеритис го дефинира како состојба на намалена конзистенција на столицата, делумно или целосно течна и/или како зголемување на фреквенцијата на евакуациите, и тоа најмалку три во 24 часа, со или без треска или повраќање.

Главни причинители на акутен гастроентеритис се вирусите (50-70 %), бактериите (15-20 %) и паразитите (10-15 %). Од вирусите најчести причинители се ротавирусот и норовирусот. Од бактериите најчести причинители се Salmonella, Shigela, Campylobacter, E.colli…, додека, пак, од паразитите Giardia, Amebiasis

Според препораките на EPSGHAN, главен приод во третманот на акутниот гастроентеритис е употребата на раствори за орална рехидратација, додека, пак, користењето разни медикаменти се покажало како непотребно во најголем број од случаите. Но, како додаток на оралната рехидратација, внесувањето пробиотици покажало значително намалување на времетраењето на болеста, како и на тежината на клиничките симптоми од неа. Од наведените причини, примената на пробиотици во лекувањето на акутниот гастроентеритис е предмет на голем број клинички рандомизирано контролирани студии.

Работната група за пребиотици и за пробиотици на EPSGHAN, сумирајќи ги сите релевантни докази што се објавени во висококвалитетни клинички студии, носи заклучок во форма на препораки и на протоколи, во кои се дефинира дека само два живи микроорганизми, Lactobacillus rhamnossus GG (LGG) и S. boulardii, може да се земат предвид за лекување на акутниот гастроентеритис како додаток на растворите за орална рехидратација. Истата препорака е дадена и од Азиско-пацифичката асоцијација.

Според податоците и информациите од 11 рандомизирани клинички студии, кај 2.444 деца е утврдено дека Lactobacillus rhamnossus GG (LGG) значително го намалува времетраењето на дијареалниот синдром, во споредба со плацебо-ефектот, што одговара и на препораките на реномираните педијатриски здруженија. Според практичните аспекти во третманот на дијарејата, Lactobacillus rhamnossus GG (LGG) треба да се применува во период од 5 до 7 дена и треба да се започне што порано од почетокот на акутниот гастроентеритис.

Автор: д-р спец. Александар Сајковски

ВИТАМИН А+Д₃ АЛКАЛОИД

Состав

1 капсула содржи:

  • витамин А (во форма на ретинил палмитат) – 500 µg (1667 IU)
  • витамин D₃(холекалциферол) – 10 μg (400 IU)

Дејство

Витаминот А придонесува за одржување здрава кожа и слузокожа, како и за одржување на видот и за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и на фосфорот, за одржување на коските и за нормална мускулна функција. Недостигот на витамин Д може да предизвика остеомалација (омекнување на коските) кај возрасни и остеопороза кај постари лица. Витаминот Д придонесува за нормална концентрација на калциум во крвта и за одржување здрави заби. Тој, исто така, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.

Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата.

Витаминот Д стекнува хормонска активност кога холекалциферолот (витаминот D₃) се претвора во 1,25-дихидрокси витамин D₃ (калцитриол) во црниот дроб и во бубрезите. Витаминот D₃ е единствен витамин во организмот којшто може да се произведе со помош на сончевата светлина (УВБ). Сепак, со денешниот начин на живот, престојување во затворени простории и со широката примена на производи со заштитни фактори, се појавува недостиг на 1,25-дихидрокси витамин D₃ којшто е неопходен за изградба на коските и за регулација на имунолошкиот систем.

Употреба

Капсулите Витамин А + D₃ Алкалоид® се употребуваат како додаток во исхраната кај деца и кај возрасни кои имаат зголемени потреби за овие витамини.

НАЗОПАС ЗА ДЕЦА

Состав 

0,25 mg/ml оксиметазолин хидрохлорид 

Фармацевтска форма 

Капки за нос, раствор за деца. 

Дејство 

Лекот Назопас содржи оксиметазолин хидрохлорид, кој се користи како назален деконгестив. Стеснувајќи ги артериолите, тој го намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот. На тој начин, се олеснува дишењето преку носот и се ублажуваат придружните знаци на настинката. Оксиметазолинот поседува и противвоспалително и антиоксидативно дејство, како и антивирусно дејство врз одредени вируси, кои главно предизвикуваат респираторни болести. 

Индикации 

Капките за нос Назопас, наменети за деца , се употребуваат при: 

  • Акутна кивавица 
  • Кивавица поради алергии 
  • Риносинуситис 
  • Воспаление на средното уво (otitis media) – за подобрување на функцијата на Евстахиевата туба 

Пакување 

Кутија со шишенце со 10 ml раствор и упатство за пациентот. 

ДИАСТОП ЗА БЕБИЊА

Состав

ДИАСТОП за бебиња е пробиотски производ којшто млечнокиселински бактерии од сојот:

Lactobacillus rhamnosus KP GG (ATCC 53103)

Фармацевтска форма

Перорални капки, суспензија.

Дејство

ДИАСТОП за бебиња е пробиотик којшто содржи млечнокиселински бактерии од сојот Lactobacillus rhamnosus. Истите се вклучени во воспоставувањето и во одржувањето на рамнотежата и на функцијата на цревната микрофлора и го стимулираат развојот на имунолошкиот систем. Може да се користат од најмала возраст, кај новороденчињата, доенчињата и кај малите деца.

Употреба

ДИАСТОП за бебиња се користи за превенција и за дополнително лекување состојби предизвикани од нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора коишто се манифестираат со стомачни грчеви (колики), пролив, надуеност и со други стомачни нарушувања, како и со атопичен дерматитис. Такви состојби се:

  • бактериски и вирусни желудочно-цревни инфекции (на пр. ротавирусни инфекции, пролив којшто се појавува при патување);
  • лекување со антибиотици со широк спектар.

ДИАСТОП за бебиња е наменет за перорална употреба (преку уста). Најдобро е капките ДИАСТОП за бебиња да се земаат за време на јадење (заедно со оброк).

Капките може да се земаат со директно капнување во устата или помешани со мало количество вода, млеко, овошен сок, со други негазирани пијалаци или со храна (чија температура не е поголема од 37°C).

Пред секоја употреба шишенцето треба добро да се протресе за да се измеша содржината на дното од шишенцето и за да се добие хомогена суспензија.

Новороденчиња, доенчиња и деца до 6-годишна возраст: 9 капки дневно.

По првото отворање производот може да се употребува во рок од 5 (пет) недели.

Пакување

Кутијата содржи стаклено шишенце со 10 ml суспензија и упатство за употреба.

БРОНЛЕС ЗА ДЕЦА

СОСТАВ

carbocisteine 125 mg / 5 ml

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

перорален раствор

ДЕЈСТВО

Bronles® припаѓа на групата лекови наречени муколитици. Тој ја намалува лепливоста и густината на слузта, така што го олеснува нејзиното искашлување.

ИНДИКАЦИИ

заболувања на респираторниот систем проследени со обилна и со вискозна слуз; воспаление на средното уво и на синусите; во дијагностички цели како средство за подготовка при бронхоскопија, бронхографија, бронхоаспирација итн.

ПАКУВАЊЕ

150 ml раствор

БЛОКМАКС ЗА ДЕЦА

Состав

5 ml суспензија содржи 100 mg ибупрофен.

Фармацевтска форма

Суспензија со карактеристичен вкус и мирис на кајсија.

Дејство

Ибупрофенот претставува нестероиден антиинфламаторен лек, дериват на пропионската киселина, кој ја покажува својата активност преку инхибирање на синтезата на простагландините. Кај луѓето, ибупрофенот ја намалува инфламаторната болка, појавата на оток и покачената телесна температура.

Индикации

Ибупрофенот се употребува како аналгетик (лек против болка):

  • за намалување на мускулна болка,
  • главоболка
  • забоболка.

БлокМАКС за деца, исто така, ја намалува покачената телесна температура (треска), вклучувајќи и покачена телесна температура после вакцинација, и ги ублажува симптомите на настинка и грип.

Пакување

Шише со 100 ml суспензија.

БИОКРИЛ АКТИВ

Состав

Една капсула содржи 500 mg крилово масло, кое содржи 225 mg фосфолипиди од крил.

Фармацевтска форма

Меки желатински капсули.

Употреба

  • Заштита од срцеви заболувања и од атеросклеротични промени.
  • Дејствува позитивно врз намалување на вкупниот холестерол и на LDL-фракцијата (лошиот холестерол).
  • Дејствува превентивно врз HDL-фракцијата (добриот холестерол).

Пакување

Капсулите БиоКрил Актив® се спакувани во блистери (PVC/PVDC/Al).

Секој блистер содржи 15 капсули.

Картонската кутија содржи 30 капсули (2 блистери) и упатство за употреба.

Регулаторен статус

БиоКрил Актив е диететски додаток во исхраната. Масните киселини омега 3 од криловото масло помагаат за регулирање на нивото на холестерол во крвта и придонесуваат за нормално функционирање на срцето и на крвните садови.

BECUTAN KIDS VITS НАЗАЛЕН ИЗОТОНИЧЕН РАСТВОР

Состав

Морска вода и прочистена вода.

Фармацевтска форма

Спреј за нос.

Дејство

Секојдневната хигиена на носот е важна за бебињата, за децата и за возрасните лица.

Прекумерната слуз и прекумерната сувост на слузокожата во носот може да бидат основа за зголемување на бројот на микроорганизмите во носот.

Благодарение на механичкиот ефект на назалниот изотоничен раствор Becutan KIDS VITS, носните шуплини убаво се хидрираат, се олеснува измивањето и извлекувањето на слузта, со што се олеснува проодноста на воздухот низ носните патишта.

Индикации

Со соодветна употреба на назалниот изотоничен раствор Becutan KIDS VITS за секојдневна хигиена на бебиња, на деца и на возрасни лица се овозможува терапевтски третман при некои основни индикации, како: назофарингитис, опструктивен ринитис и синуситис, сув нос без секрет, зарипнатост како резултат на сува слузокожа, и има помошен ефект при оториноларинголошки и при педијатриски третман.

Дозирање

Се употребува во секоја ноздра, онолку често колку што е потребно во текот на денот.

За бебиња се препорачува комбинирана употреба со аспираторот за нос Becutan KIDS VITS.

Производот не треба да се користи доколку изминат повеќе од 30 дена од отворањето.

Пакување

Пластично повеќедозно шишенце со 30 ml раствор и упатство за пациентот.

BECUTAN KIDS VITS АСПИРАТОР ЗА НОС

Опис

Аспираторот за нос Becutan KIDS VITS е медицинско средство наменето за безбедно отстранување на секретот и на слузта од носот на бебето, по пат на нежно вшмукување. Секое парче содржи апсорбирачки филтер којшто ја задржува слузта, со што се гарантира хигиената.

Индикации

Производот е индициран за употреба при грип, настинки, синуситис и при сите болести што предизвикуваат прекумерна секреција од носот. На овој начин, назалниот аспиратор овозможува нормализирање на дишењето и подобрување на состојбата кај бебето. Се препорачува претходно ноздрите да се исчистат со назалниот изотоничен раствор Becutan KIDS VITS, со што слузта ќе стане потечна и ќе се олесни извлекувањето на секретот по пат на вшмукување.

Инструкции за употреба

Се употребува онолку често колку што е потребно во текот на денот.

За бебиња се препорачува комбинирана употреба со назалниот изотоничен раствор Becutan KIDS VITS.

Врвот треба да се фрли по секоја употреба за да се спречат инфекции.

Аспираторот за нос Becutan KIDS VITS може да се користи само со резервни врвови за аспиратор за нос Becutan KIDS VITS.

Пакување

Пластична кутија со назален аспиратор и со 4 многу меки врвови.

Регулаторен статус

Медицинско средство од класа I.

BECUTAN KIDS VITS МУЛТИВИТАМИНИ

Состав

Производот содржи комбинација на 9 витамини (витамин А, витамин Ц, витамин Д, витамин Е, витамин Б₁, витамин Б₂, витамин Б₆, витамин Б₁₂, нијацин).

Фармацевтска форма

Сируп.

Дејство

Сирупот Becutan KIDS VITS Мултивитамини е наменет за дополнување на исхраната кај децата и за поддржување на детскиот раст и развој.

  • Витаминот Ц придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавиците, непцата, кожата и на забите;
  • придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција;
  • придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за заштита на клетките од оксидативен стрес, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста и ја зголемува апсорпцијата на железото;
  • Нијацинот придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста;
  • Витаминот Б₁ придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето;
  • Витаминот Б₂ придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, нормално функционирање на нервниот систем, заштита на клетките од оксидативен стрес, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста;
  • Витаминот Б₆ придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција;
  • придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот и за нормално создавање црвени крвни клетки; придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за намалување на заморот и на исцрпеноста;
  • Витаминот А придонесува за нормален метаболизам на железото и за одржување нормален вид, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем;
  • Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и на фосфорот, за одржување нормални нивоа на калциум во крвта и за одржување нормални коски и заби; придонесува за одржување нормална функција на мускулите и за нормална функција на имунолошкиот систем;
  • Витаминот Б₁₂ придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, за нормална функција на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем;
  • придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста;
  • Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес;

Употреба

Производот е наменет за перорална употреба.

Препорачана дневна доза:

Деца од 1 до 3 години: ½ кафена лажичка (2,5 ml).

Деца над 4 години: 1 кафена лажичка (5 ml).

Сирупот Becutan KIDS VITS Мултивитамини се зема по оброк.

По потреба може да се раствори во вода или во овошен сок.

Да се протресе пред  употреба.

Пакување

Картонската кутија содржи шише од 100 ml, упатство за употреба и лажичка за полесно одмерување.