BECUTAN KIDS VITS МУЛТИОМЕГА-3

...

Состав

Производот содржи комбинација на рибини масла богати со омега-3 масни киселини (DHA и EPA), витамини и минерали (витамин Б₁, витамин Б₂, витамин Б₆, витамин Б₁₂, биотин, фолна киселина, нијацин, пантотенска киселина, витамин Д, витамин К, цинк, јод).

Фармацевтска форма

Сируп.

Дејство

Намената на сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 е да ја збогати детската исхрана со омега-3 масни киселини и со есенцијални витамини и минерали коишто го поддржуваат интелектуалниот развој на децата.

  • ДХА (докозахексаноична киселина) придонесува за одржување нормална мозочна функција.
  • Цинкот и јодот придонесуваат за нормална когнитивна функција.
  • Јодот, витаминот Б₁, витаминот Б₂, витаминот Б₃, витаминот Б₆, витаминот Б₁₂ и биотинот придонесуваат за нормална функција на нервниот систем.
  • Витаминот Б₂, витаминот Б₃, витаминот Б₁₂, фолната киселина и пантотенската киселина придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • ДХА, витаминот Б₂ и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид.

Употреба

Производот е наменет за перорална употреба.

Препорачана дневна доза:

Деца од 1 до 3 години: 1 кафена лажичка (5 ml).

Деца над 4 години: 2 кафени лажички (10 ml).

Да се протресе пред употреба.

По отворањето сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 треба да се чува во фрижидер.

Да се употреби во рок од 60 дена по првото отворање.

Пакување

Картонската кутија содржи шише од 250 ml, упатство за употреба и лажичка за одмерување.

...