Зимата претставува сезона на настинки и грип. Настинката и грипот не ги предизвикуваат исти типови вируси. Додека 200 различни вируси ја предизвикуваат настинката, грипот го предизвикуваат само инфлуенца тип А и тип Б. Симптомите на грипот се многу слични со оние на настинката, меѓутоа се разликуваат по моментот на појавувањето, времетраењето и интензитетот, и истите се резултат на имунолошкиот одговор на телото од настанатата вирусна инфекција.
Настинката е придружена со кивавица и затнат нос, без покачена телесна температура, за разлика од грипот каде постои изразено покачена телесна температура, општа слабост, болки во мускулите и кашлица. Настинката е најчесто лесна состојба и за закрепнување се потребни околу 3 – 4 дена, најмногу до 7 дена. Кај возрасни се јавува 2 – 4 пати годишно, а кај деца може да се појави дури и 6 – 12 пати. Терапијата на овие вирусни инфекции е симптоматска, и нејзина цел е да ги намали симптомите и да ги спречи компликациите.
Погледнете ја понудата на Алкалоидови производи против настинка и грип и изберете решение за Вас.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.