Сте знаеле ли дека здраво возрасно лице може да се зарази со обична настинка двапати, па дури и трипати годишно? Повеќето од нас закрепнуваат од настинка за недела дена од појавата на првите симптоми. Иако повеќето од нас ќе се борат против настинката од удобноста на својот дом, таа битка никогаш не е едноставна, ниту пријатна.
Но пред да почнете да ја лечите настинката, треба да ги знаете разликите меѓу грипот и настинката. Бидејќи настинката и грипот делат многу симптоми, може да биде тешко со сигурност да се препознае за која болест се работи врз база на симптомите. Но, не е неможно. Симптомите на настинка, главно, се поблаги од симптомите на грип. Луѓето кои боледуваат од настинка почесто имаат проблеми со течење на носот или со затнат нос.
Настинката и грипот најчесто се пренесуваат со директен контакт, но добро е тоа што повеќето инфекции на настинка и грип се краткотрајни. Траат околу една недела, а првите симптоми се појавуваат три дена по заразата. Настинките, главно, не доведуваат до посериозни здравствени проблеми, но симптомите на грипот можат да бидат посериозни. Можат да вклучат покачена телесна температура или чувство на треска, кашлица, болки во грлото, течење на носот или затнат нос, болки во мускулите или по телото, главоболки или замор. Консултирајте се со својот лекар пред да се одлучите за начинот на лечење на грипот или настинката.
Како да се лечат настинката и грипот во домашни услови?
Немојте да се грижите. Повеќето инфекции со вируси кои предизвикуваат настинка и грип не бараат хоспитализација, а лечењето може да се одвива во удобноста на вашиот дом. Потребен ви е одмор, а мора да внесувате и многу течности, витамини и некои лекови кои се издаваат без рецепт.
Одмор, течности и хигиена
Зголемената влажност може да помогне да се намали сувоста и воспалението во носот и грлото. Навлажнувачот во вашата спална соба или на друго место во вашиот дом може да ви помогне да се чувствувате поудобно. Додавањето неколку капки масло од еукалиптус исто така може да помогне во олеснување на симптомите.
Топла купка
Понекогаш можете да ја намалите треската со помош на топла купка. Капењето не само што релаксира, туку помага и да се намали телесната температура.
Зајакнете го вашиот имунолошки систем
Зајакнувањето на вашиот имунолошки систем може да го намали времетраењето на настинката и грипот и да спречи влошување на симптомите на долг рок. Внесувајте разновидна и хранлива исхрана, како и додатоци во исхрана кои ќе ви помогнат да да бидете сигурни дека внесувате доволно количество на микронутритиенти во телото.
Вклучете внес на пробиотици во вашиот дневен распоред
Пробиотиците се живи микроорганизми кои ако се земаат во доволни количини делуваат поволно на нашето тело. Тие можат да помогнат во одржувањето на правилна функција на цревата и имунолошкиот систем и може да ја намалат шансата да се разболите со инфекција на горниот респираторен тракт, а влијаат и на самото времетрање на инфекцијата.
Лекови без рецепт
Ако веќе се борите со настинка или грип, има неколку докажани комбинации кои би можеле да ви помогнат за ублажување на главните симптоми како парацетамол и фенилефрин хлорид. Парацетамолот ја намалува покачената телесна температура и ја ублажува мускулната болка и главоболката, а фенилефринот ја намалува назалната конгестија, што го олеснува преминувањето воздухот на носната шуплина и на тој начин го олеснува дишењето. Комбинацијата на двете состојки доведува до олеснување на симптомите.
И наместо заклучок. Во моментов не постои начин да се излечи настинката или грипот, но различните диететски избори, додатоците во исхрана и другите домашни лекови може да помогнат во ублажување на симптомите.
За да го намалите ризикот од настинка или грип, преземете чекори за зајакнување на вашиот имунолошки систем, како што се здрава исхрана, добро спиење и вежбање.