Обична настинка: како да ја спречите

Настинката е постојано присутна во студените зимски месеци. Повеќето од нас ја искусиле во одреден момент и, да, не е пријатна. Вирусната инфекција на носот и на грлото е болна и исцрпувачка, но постојат начини како да ја олесните, не само за лекување настинка, туку и за нејзино спречување.

Сепак, пред да се нурнеме во превенцијата од обична настинка, ајде да се нурнеме во симптомите на оваа вирусна инфекција.

Како да ги забележите симптомите на обичната настинка?

Според веб-страницата на Клиниката „Мајо“, симптомите на настинка се појавуваат еден до три дена од изложувањето на вирусот што предизвикува настинка. Тие се разликуваат од човек до човек, но некои од симптомите се најзастапени. Еве некои од најчестите симптоми на обична настинка.

Според Националната медицинска библиотека на САД, течењето на носот или затнатиот нос се едни многу препознатливи симптоми, како и болното грло. Всушност, болно грло е присутно кај 40 % од случаите, додека, пак, кашлицата е присутна кај околу 50 %. Кивањето и благата треска се, исто така, на листата симптоми на обична настинка, како и слабите болки во телото и благите главоболки.  

Риновирусите предизвикуваат најмногу случаи на настинка, а досега се идентификувани повеќе од 200 кои предизвикуваат настинка. Тие, исто така, се пренесуваат од човек на човек преку близок контакт, но и со ракување или со допирање контаминирани површини, како на пример кваки и работни површини.

Како да се спречи обичната настинка?

Повеќето медицински лица предлагаат одржување социјална раздалеченост, одржување добра хигиена (миење раце) и внесување додатоци и витамини (линк до страницата со категорија Додатоци во исхраната). Тие се добри за спречување на настинката, особено во сезоните на грип и на настинки. Но, ако веќе се борите со настинката дома, еден производ без рецепт се покажал ефикасен во олеснувањето на симптомите – Caffetin Cold.

Зошто Caffetin Cold е добар сојузник во вашата борба со обичната настинка?

Па затоа што Caffetin Cold е комбиниран медицински производ кој содржи неколку активни состојки: парацетамол, псевдоефедрин, декстрометорфан и витамин Ц. Прво и најважно, парацетамолот е лек против болки и ја намалува телесната температура. Второ, псевдоефедринот ја намалува назалната конгестија, овозможувајќи им на носните и на респираторните патишта да се отворат. Покрај тоа, декстрометорфанот ја потиснува кашлицата поради мала иритација на грлото и на бронхиите, додека добриот витамин Ц, кому може да му верувате, го зајакнува имунолошкиот систем. Лесно како песна, Caffetin Cold со една многу погодна сина таблета може да ги ублажи симптомите на обична настинка и на грип, симптомите на главоболка, болките во мускулите, болките во грлото, назалната конгестија, треската или кашлицата. Да, тоа се вообичаени симптоми на грип или на настинка и може да очекувате да ве мачат со денови или со недели. Работата на Caffetin Cold е малку да го ублажи справувањето со настинката или со грипот. Caffetin Cold е тука за да ве направи малку пофункционални. Зошто да ги чувствувате сите симптоми на грип или на настинка кога може да имате само неколку од нив? Никој не сака да го мачат висока температура и затнат нос. Caffetin Cold е тука за да ве застане на нозе што е можно побргу и што е можно побезболно.

Ако мислите дека сте настинати и ако се чини дека Caffetin Cold може да ви помогне со симптомите, консултирајте се со медицинско лице од доверба или со својот локален фармацевт.

Исто така, посетете ја страницата на производот Caffetin Cold.