Состав
Производот содржи комбинација на рибини масла богати со омега-3 масни киселини (DHA и EPA), витамини и минерали (витамин Б₁, витамин Б₂, витамин Б₆, витамин Б₁₂, биотин, фолна киселина, нијацин, пантотенска киселина, витамин Д, витамин К, цинк, јод).
Фармацевтска форма
Сируп.
Дејство
Намената на сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 е да ја збогати детската исхрана со омега-3 масни киселини и со есенцијални витамини и минерали коишто го поддржуваат интелектуалниот развој на децата.
Употреба
Производот е наменет за перорална употреба.
Препорачана дневна доза:
Деца од 1 до 3 години: 1 кафена лажичка (5 ml).
Деца над 4 години: 2 кафени лажички (10 ml).
Да се протресе пред употреба.
По отворањето сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 треба да се чува во фрижидер.
Да се употреби во рок од 60 дена по првото отворање.
Пакување
Картонската кутија содржи шише од 250 ml, упатство за употреба и лажичка за одмерување.