Состав
Производот содржи комбинација на 9 витамини (витамин А, витамин Ц, витамин Д, витамин Е, витамин Б₁, витамин Б₂, витамин Б₆, витамин Б₁₂, нијацин).
Фармацевтска форма
Сируп.
Дејство
Сирупот Becutan KIDS VITS Мултивитамини е наменет за дополнување на исхраната кај децата и за поддржување на детскиот раст и развој.
- Витаминот Ц придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавиците, непцата, кожата и на забите;
- придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција;
- придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за заштита на клетките од оксидативен стрес, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста и ја зголемува апсорпцијата на железото;
- Нијацинот придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста;
- Витаминот Б₁ придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето;
- Витаминот Б₂ придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, нормално функционирање на нервниот систем, заштита на клетките од оксидативен стрес, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста;
- Витаминот Б₆ придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција;
- придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот и за нормално создавање црвени крвни клетки; придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за намалување на заморот и на исцрпеноста;
- Витаминот А придонесува за нормален метаболизам на железото и за одржување нормален вид, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем;
- Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и на фосфорот, за одржување нормални нивоа на калциум во крвта и за одржување нормални коски и заби; придонесува за одржување нормална функција на мускулите и за нормална функција на имунолошкиот систем;
- Витаминот Б₁₂ придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, за нормална функција на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем;
- придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста;
- Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес;
Употреба
Производот е наменет за перорална употреба.
Препорачана дневна доза:
Деца од 1 до 3 години: ½ кафена лажичка (2,5 ml).
Деца над 4 години: 1 кафена лажичка (5 ml).
Сирупот Becutan KIDS VITS Мултивитамини се зема по оброк.
По потреба може да се раствори во вода или во овошен сок.
Да се протресе пред употреба.
Пакување
Картонската кутија содржи шише од 100 ml, упатство за употреба и лажичка за полесно одмерување.