Здраво, мама и тато. Не спиевте цела ноќ? Исцрпени сте и раздразливи? Се чини дека смирувањето и тешењето на бебето не даваат резултат? Не грижете се, не сте сами.
Се обидовте со сѐ само за да го смирите своето бебе со колики, но се чини дека ништо не помага? Можеби можеме да помогнеме. Но, прво, ајде поблиску да ги погледнеме причинителите и симптомите на колики кај бебињата.
Што ги предизвикува коликите кај бебињата?
Бебињата постојано плачат. Тоа е начинот на кој комуницираат со нас. И можат да плачат од различни причини: можеби се гладни или сонливи, а можеби треба да им се промени пелената. Плачењето е нормално за сите бебиња, но бебињата кои плачат поради колики е многу потешко да ги смирите и да ги утешите. Можат да плачат „без причина“ и тоа да трае многу долго.
Иако се поприлично чести, никој не ги знае точните причини за појава на колики. Неколку фактори може да играат важна улога за нивна појава.
Една од клучните причини, секако, се гасовите во цревата, кои се создаваат од воздухот што се голта додека јадат или додека плачат. Имајте на ум дека гастроинтестиналниот систем на бебињата е обично недоволно развиен, па прекумерното хранење може да биде уште една причина за колики. За мајките што ги хранат своите бебиња со адаптирано млеко важно е да се напомене дека некои бебиња можат да развијат (пре)чувствителност на истото. Што е со симптомите?
Симптомите се разликуваат, а во принцип почнуваат со плачење
Тоа е обично првиот знак и симптом на колики кај бебињата – плачење без некоја посебна причина. Не се гладни, не им е ладно, не се уморни, ниту, пак, им е потребна промена на пелената. Само плачат. Цело време. И обично во ист период од денот. Често стануваат нервозни и почнуваат да плачат на крајот на денот, но неутешно плачење може да се случи и во кој било дел од денот. Стискањето на дланките е уште еден од симптомите на грчеви.
Како можете да му помогнете на бебе со колики?
Никогаш не е лесно да се смири бебе со грчеви. Сепак, постојат некои работи што може да ги направите за да помогнете.
1. Подждригнување и повивање
Подждригнувањето е многу важно по хранењето на бебето, без разлика на тоа дали доите или користите адаптирано млеко. Помага за исфрлање на гасовите од стомачето на бебето. Можете да го префрлите бебето преку рамо и нежно да го тапкате по грбот.
Преслечете го пред спиење и овозможете му добар сон. Преслекувањето му овозможува чувство на удобност и на безбедност бидејќи ја симулира средината од матката.
2. Дајте му на бебето лажлива цуцла
Доенчињата имаат силен инстинкт за цицање, па затоа цуцлата може да помогне за смирување на вашето бебе. Зошто? За време на цицањето бебето се опушта и може повторно да си ја пронајде рамнотежата.
3. Масажа за бебиња
Родителскиот допир со кожата на бебето може да има смирувачки ефект. Многу истражувања покажале дека бебињата што се масираат обично помалку плачат и подобро спијат. Значи, нежни потези по стомачето, рацете, по нозете, градите и по лицето на детето можат да направат голема разлика.
4. Белиот шум може да помогне
Кога се во матката, бебињата слушаат само шум. Па зошто да не го симулирате тој шум во својата соба кога вашето бебе се соочува со колики! Вклучете фен за коса или машина за перење или, можеби, може да ја преземете апликацијата за бел звук на својот телефон
5. Капки против колики
Кога ништо од ова не помага, може да пробате фармацевтски производи кои се наменети токму за колики. Најчесто доаѓаат во форма на капки за орална употреба, а можат да бидат со различен состав – од капки на база на симетикон до билни приправки. Кога бирате, важно е да обрнете внимание на квалитетот на производот, како и на возраста на бебето кај кое треба да се примени производот, а најдобро е да содржи што помалку вештачки материи какви што се конзервансите, засладувачите, вештачките бои и ароми и парабените.
Запомнете: Кога не спие бебето, не спијат ниту родителите!
Коликите кај бебето можат да претставуваат голем проблем, а Кико многу добро го знае тоа. Производите како што се Becutan KIDS VITS постојат за да му помогнат на бебето и за да им го олеснат животот на родителите.