Како да го подобриш функционирањето на имунолошкиот систем во неколку чекори?

Далеку од вистината е тоа дека една чаша сок од лимон и ѓумбир наутро магично ќе го подобри твојот имунитет и ќе те заштити од штетните бактерии и инфекции.

Градењето силен имунолошки систем не се случува преку ноќ. Сепак, постојат неколку начини како можеш да го зајакнеш својот имунитетот. 

1. Пиј многу вода

Пиењето вода е најбрзиот начин за твојот имунолошки систем да може да спречи инфекција.

За да функционира правилно, твојот имунолошки систем во голема мера се потпира на хранливите материи во твојот крвоток, кој претежно се состои од вода. Без вода клетките и ткивата на имунолошки систем не ги добиваат хранливите материи што им се потребни.

Дополнително, имунолошкиот систем се потпира на вода за да ги исфрли бактериите и отпадните материи.

Правилото за пиење вода е следново: најмалку 1 литар вода на 25 килограми тежина.

2. Спиј доволно

Дали си забележал/а дека кога нема добро да се наспиеш, се чувствуваш многу раздразнето?

Спиењето е исто толку важно колку и пиењето вода бидејќи му овозможува на телото да се рестартира и да се подготви за следниот ден.

Кога си кратиш од сонот, тоа го прави твоето тело ранливо на многу заразни агенси. 

Спиењето 7 до 8 часа навечер е клучот за зајакнување на имунитетот.

3.Вежбај неколкупати неделно

Вежбањето не само што ќе ти помогне да си го обликуваш телото туку и ќе ги исфрли штетните бактериите од белите дробови и од дишните патишта, со што ќе се намалат шансите да се разболиш.

Исто така, вежбањето го стимулира твојот имунолошки систем и се бори со хормоните за стрес.

Алтернатива на вежбањето може да бидат брзото одење или возењето велосипед.

  • Витамин Ц, Д, Б12, цинк и селен

Овие витамини и минерали значително ја подобруваат твојата одбрана од патогени бактерии и се клучни за имунитетот.

Недостатоците од овие хранливи материи се поврзани со почестите и потешки случаи на неколку состојби/заболувања, вклучувајќи дијареја, настинка, пневмонија и други инфекции на респираторниот тракт.

4.Зготви си супа од коски

Ако досега не си пробал/а супа од коски, ќе те премислиме. Најдобро е таа да биде од говедски коски, но можеш да ја направиш и со пилешки коски.

Еве како може да ти помогне супата од коски:

✅ Ги ублажува симптомите на настинка.

✅ Ги чисти респираторните патишта.

✅ Го намалува воспалителниот процес благодарение на аминокиселините глицин, пролин и аргинин.

✅ Одличен извор на колаген и на протеини.

✅ Прави детоксификација на црниот дроб поради дејството на глицинот.

За да дознаете повеќе за MULTI ESSENCE имуно и како може овој додаток да го подобри вашиот имунолошки систем, прочитајте повеќе на https://zdravjebezrecept.mk/product/multi-essence-imuno/

Како да ги задоволиш зголемените потреби на организмот за витамини и минерали по вежбањето?

Вежбањето е еден од најдобрите начини за здрав и активен живот. Но дали некогаш си размислувал/а дека вежбањето е само половина од работата?

🤔

Другата половина е твојот начин на исхрана. 🍕

Еве едно сосема погрешно размислување:

Ако сакаш да намалиш килограми, не треба да јадеш по вежбањето бидејќи џабе си вежбал/а.

Замисли дека твоето тело по вежбање е како сунѓер. Сѐ што консумираш директно ќе се одрази врз крајниот резултат.

Без разлика дали вежбаш за да ослабнеш или за да си го обликуваш телото, по вежбањето организмот има зголемена потреба од витамини и минерали.

Кои витамини и минерали му се најпотребни на организмот по вежбањето?

По секој тренинг телото бара начини како да се опорави, како да ги релаксира напнатите мускули и како да ги исполни батериите за подоцна повторно да стапи во акција. 🚀

Консумирањето на следниве витамини и минерали ќе го забрза тој процес:

Витамин Ц

✅ Ја подобрува мускулната сила

Со земањето витамин Ц твоето тело е способно да го поправи оштетувањето на мускулните влакна предизвикано од вежбањето.

✅ Го намалува оксидативниот стрес

Комбинирањето на витамините Ц и Е помага за намалување на оксидативниот стрес, кој, инаку, може да те доведе до хроничен замор и до воспаление.

✅ Ги заздравува ткивата

Сите твои мускули се поврзани со сврзното ткиво, кое, главно, се состои од колаген.

Земањето витамин Ц заедно со други аминокиселини помага во формирањето колаген, кој придонесува за заздравување на ткивата.

✅ Го ублажува воспалението на мускулите

Напорот за време на тренингот може да доведе до воспаление и да ти предизвика болки во мускулите, попречувајќи ја твојата рутина за вежбање.

За да не дојде до тоа, дополни го недостигот со витамин Ц и со витамин Е, за кои е докажано дека ги намалуваат воспалението и болките во мускулите.

✅ Го намалува кортизолот

Долгиот тренинг го зголемува лачењето на кортизолот. Зголеменото ниво на кортизол може да предизвика распаѓање на мускулите.

Витаминот Ц може значително да помогне во намалувањето на кортизолот по тренингот.

Која храна е богата со витамин Ц? 🍓

  • Портокал
  • Јагоди
  • Цитрон
  • Брокула
  • Магданос
  • Домат
  • Карфиол

Витамин Б12

✅ Го регулира функционирањето на централниот нервен и кардиоваскуларен систем.

✅ Го подобрува расположението.

✅ Го регулира нивото на енергија.

✅ Ја регулира работата на срцето.

✅ Помага при варењето на храната.

🐟 Која храна е богата со витамин Б12?

  • Месо (пилешко, свинско, телешко)
  • Риба (лосос, сардина, пастрмка, туна)
  • Тофу

Витамин Д

✅ Го подобува функционирањето на имуниот систем.

✅ Ги зајакнува коските.

✅ Помага за правилна функција на мускулите.

🍄 Која храна е богата со витамин Д?

  • Риба (сардини, харинга и лосос)
  • Црн дроб
  • Жолчки од јајца
  • Печурки
  • Спанаќ
  • Бел грав

Цинк

✅ Го претвора протеинот во мускулна маса.

✅ Помага во заздравувањето на раните на кожата.

✅ Помага во одржувањето здрав имунолошки и одбранбен систем.

🥦 Која храна е богата со цинк?

  • Месо
  • Семки од тиква, сончоглед, сусам, ленено семе
  • Јаткасти плодови
  • Грашок
  • Спанаќ
  • Грав
  • Брокула
  • Печурки

Селен

✅ Има антиоксидативно дејство во организмот.

✅ Го неутрализира дејството на вирусите.

✅ Ја подобрува состојбата на црниот дроб.

✅ Помага во намалувањето на воспалителните реакции на телото.

🥛Која храна е богата со селен?

  • Пилешко месо
  • Свинско месо
  • Бразилски ореви
  • Јајца
  • Кафеав ориз
  • Грав
  • Млеко
  • Јогурт
  • Банани

Три начини како да си ја вратиш енергијата по вежбањето

Уште пред почетокот на летната сезона навлегуваш во онаа фаза од годината кога си ги подготвуваш телото и организмот за на плажа. Мотивацијата ти е на највисоко ниво. Убеден/а си дека овојпат ќе успееш. 

По неколку тренинзи се чувствуваш заморно и исцрпено до тој степен што забораваш колку ти била важна првичната цел.

Истоштеноста и воспалените мускули по вежбањето се доволна причина за демотивација. 

Но што ако има брзи начини како да си ја вратиш енергијата по вежбањето?

Еве 3 начини што докажано ќе ти го дадат енергетскиот поттик кој ти е потребен.

  1. Практикување јога

Доколку јогата не е дел од твојата дневна рутина, сега е моментот да го промениш тоа. 

Во моментот кога ќе се почувствуваш исцрпено по тренинг, направи неколку јога-пози и за само неколку минути ќе се чувствуваш подобро.

Многу фитнесексперти ја препорачуваат токму поради позитивните придобивки што ги нуди.

✅ Прави да се чувствуваш енергично, и покрај напорното вежбање.

✅ Го подобрува расположението.

✅ Го регулира нивото на стрес.

✅ Релаксира.

✅ Го подобрува спиењето.

  • Студен туш

Помислата да се тушираш со студена вода по напорен тренинг сигурно не ти е на листата на омилени активности.

Сепак, факт е дека студениот туш е екстремно корисен, особено по тренинг.

✅ Ја подобрува циркулацијата на крвта низ телото.

✅ Ја намалува болката во мускулите.

✅ Поттикнува трошење калории.

✅ Ја зголемува енергијата.

Ако не си фан на студен туш, пробај го следново:

Не започнувај веднаш со студена вода. Туширај се со вообичаената температура на водата, со таа разлика што во последните 30 секунди ќе ја промениш температурата на водата за да биде студена. 

  • Консумирање магнезиум и витамин Б

Од регулирање на нивото на шеќер во крвта до подобрување на атлетските перформанси, магнезиумот е клучен за правилно функционирање на твојот мозок и на твоето тело.

✅ Магнезиумот е одговорен за повеќе од 600 телесни функции.

✅ Дава доволно сила пред и по вежбање.

✅ Го подобрува здравјето на коските. 

✅ Може да помогне при симптоми на стрес и на хроничен замор.

Која храна содржи големо количество на магнезиум? 

Магнезиумот е присутен во многу видови храна

  • семки од тиква,
  • спанаќ, 
  • бадеми,
  • индиски ореви,
  • црн грав,
  • лосос,
  • авокадо.

Зошто магнезиумот + витамините Б се одлична комбинација за враќање на енергијата?

Придобивките од магнезиумот, надополнети со придобивките од витамините од Б-групата, значително ќе го поттикнат твоето тело да ги одржува полни батериите за време и по вежбањето.

Еве зошто:

Витаминот Б1 придонесува за нормална функција на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето.

Витаминот Б2 придонесува за нормален метаболизам, создавање енергија, нормална функција на нервниот систем и за заштита на клетките од оксидација.

Витаминот Б6 придонесува за нормален метаболизам, создавање енергија, нормална функција на нервниот и на имунолошкиот систем, за нормална психолошка функција, нормален метаболизам на протеините и на гликогенот и за намалување на заморот и на исцрпеноста.

Витаминот Б12 придонесува за нормална психолошка функција и за намалување на заморот и на исцрпеноста. Витаминот Б₁₂ има улога во процесот на делба на клетките.

 Која храна содржи големо количество на Б-витамини

  • Месо (пилешко, говедско, свинско месо и риба)
  • Јајца
  • Грав
  • Спанаќ
  • Зелен зеленчук
  • Морков
  • Банани
  • Бобинки
  • Кафеав ориз
  • Семки од сончоглед
  • Јаткасти плодови

За да дознаете повеќе за MULTI ESSENCE,магнезиум 400 + Б-комплекс, и како може да ви помогне овој додаток, прочитајте повеќе на https://zdravjebezrecept.mk/product/multi-essence-magnezium-400-b-kompleks/

Зошто витаминот Д му е најдобриот пријател на вашиот имунитет?

Дали сте знаеле дека дури 50 % од светското население има недостиг од витамин Д?

Витаминот Д е одговорен дури за 4.000 клеточни процеси, што е јасен показател колку е важен за нашето тело.

За жал, речиси половина од населението има намалено ниво на витамин Д. 

Кои се симптомите на недостиг од витамин Д?

Недостигот од витамин Д најчесто е асимптоматски. 

Меѓутоа, ако сте исцрпени, ако ве болат коските или ако имате мускулна слабост или промени во расположението, тоа е показател дека можеби ви недостига овој витамин.

Симптомите на недостиг од витамин Д вклучуваат:

  • чести настинки,
  • постојана подложност на инфекции,
  • хроничен замор,
  • несоница,
  • болки во коските, мускулите и во зглобовите,
  • депресивно расположение,
  • губење на косата,
  • мускулна слабост,
  • бавно заздравување на раните,
  • губење апетит,
  • бледа кожа,
  • главоболка.

Ако се препознавте во некои од овие симптоми, добра идеја е да направите тест на крвта за да проверите дали нивоата на витамин Д ви се во нормален опсег.

Кои се последиците од ниски нивоа на витамин Д за вашиот имунитет?

Витаминот Д достигнува најниско ниво во текот на зимските месеци, па затоа научниците често го нарекуваат сезонски стимул.

Ниските нивоа на витамин Д се поврзани и со зголемена појава на горнореспираторниот тракт и со пневмонии.

Три начини како да се надомести недостигот од витамин Д

Начин1: директна изложеност на сончева светлина

Вашиот организам го создава витаминот Д во вид на провитамин. Под дејство на сончевата светлина тој се претвора во активен витамин Д.

Изложеноста на директни сончеви зраци е најсигурниот начин за создавање доволно количество на витамин Д.

Истражувањата покажуваат дека се доволни само 30 минути дневно да ги изложите лицето и рацете на сонце, особено во периодот од 10 до 15 часот. Сепак, треба да се знае дека кремовите со заштитен фактор може да го намалат производството на витамин Д дури за 95 %.

Начин 2: исхрана богата со витамин Д

Покрај изложеноста на сончева светлина, еве кои намирници се природно богати или збогатени со витамин Д:

  • масни риби (лосос, сардина, пастрмка, туна и скуша),
  • конзервирана риба, како на пример харинга и сардини,
  • жолчка од јајце,
  • говедски црн дроб,
  • печурки,
  • рибен црн дроб,
  • житарки,
  • млеко (кравјо, бадемово, од соја),
  • сок од портокал.

Бидејќи нема многу природни намирници со витамин Д, многу производи се збогатени со витамин Д, па затоа секогаш проверувајте ја етикетата на производите за да се уверите дека има додаден витамин Д.

Начин 3: додатоци на витамин Д

Исхраната не е најефикасен извор на витамин Д3. Изложеноста на сонце и суплементирањето се многу поефикасни начини за доволно внесување витамин Д.

Витаминот Д има две главни форми: 

  1. Д2 (ергокалциферол) – со растително потекло;
  2. Д3 (холекалциферол) – со животинско потекло.

Добрата вест е што можете да ги апсорбирате и двата вида на витамин Д во вашето тело. 

Сепак, истражувањата покажуваат дека витаминот Д3 многу поефикасно го зголемува нивото на витамин Д во нашиот организам од витаминот Д2

Препорачаното дневно внесување на витамин Д3 за возрасни е од 400 до 1000 интернационални единици (ИЕ). Меѓутоа, доколку вашите нивоа се многу ниски, докторот може да ви препише и повисока доза на витамин Д.

Витамин Д во форма на додаток во исхраната

Количината на витамин Д што ја добивате преку исхраната не е секогаш доволна за дневните потреби од овој витамин. 

Дополнително, бидејќи голем број луѓе свесно или несвесно избегнуваат да се изложуваат на сонце, додатоците на витамин Д се неопходни за организмот да ја добие количината што му е потребна за правилно да функционира.

Наша препорака се MULTI ESSENCE, витамин Д3, во форма на меки капсули што ги задоволуваат зголемените потреби од витамин Д3 кај возрасните.

Капсулите се достапни со различна концентрација на витамин Д од 1000 ИЕ, 2000 ИЕ или од 4000 ИЕ, во зависност од потребите на организмот.

Кои се придобивките од консумирањето MULTI ESSENCE, витамин Д3?

  • Подобрена функција на имунолошкиот систем
  • Нормална мускулна функција
  • Одржување здрави коски
  • Поздрави коса, заби и кожа
  • Подобро расположение
  • Зголемена енергија и концентрација

Сè што ви е потребно за да ги искусите овие придобивки е консумирање барем една капсула дневно со доволно количество вода.

За да дознаете повеќе за придобивките од MULTI ESSENCE, витамин Д3: https://zdravjebezrecept.mk/product/multi-essence-vitamin-d3-1000-iu-2000-iu-4000-iu/

MULTI ESSENCE ВИТАМИН Д₃-1000 IU / 2000 IU / 4000 IU

Состав

Витамин D₃ – 1000 IU / 2000 IU / 4000 IU

Фармацевтска форма

Меки капсули

Дејство

Витаминот Д е липосолубилен витамин којшто се синтетизира во кожата под дејство на УВ-светлина. Тој се претвора во 25 (OH) D во црниот дроб и понатаму до активната форма (калцитриол 1,25 (OH)2 D) во бубрезите или во другите органи. Вклучен е во метаболизмот на коските, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од цревата, но, исто така, има и многу важна улога во нормалниот имунолошки одговор. Витаминот Д врши имуномодулаторни активности. Постојат студии коишто ја демонстрираат неговата улога во зголемувањето на способноста на вродениот имунолошки систем да се бори против патогените микроорганизми.

Витаминот Д достигнува најниско ниво во текот на зимските месеци и затоа научниците често го нарекуваат „сезонски стимул“, бидејќи ниските нивоа на витамин Д се поврзани со зголемена појава на респираторни инфекции.

Употреба

MULTI ESSENCE Витамин D₃, како храна за посебна нутритивна употреба – храна за посебни медицински намени, ги задоволува зголемените потреби од витамин D₃ кај возрасните. Производот е наменет за диететско регулирање состојби и болести кај коишто е неопходно надоместување на витаминот Д.

  • Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
  • Витаминот Д придонесува за нормална мускулна функција.
  • Витаминот Д придонесува за одржување здрави коски.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА ПРИМЕНА

Еднаш дневно, по една капсула.

Пакување

Картонската кутија содржи 30 меки капсули (2 блистери) и упатство за употреба.

MULTI ESSENCE ИМУНО

Состав 

Една ќесичка MULTI ESSENCE Имуно содржи 500 mg Витамин Ц, 15 mg Цинк, 100 μg Селен, 10 μg (400 IU) Витамин Д, 9 μg Витамин Б₁₂. 

Фармацевтска форма 

Микрогранулите за директна примена, со вкус на лимон 

Дејство 

Микрогранулите за директна примена MULTI ESSENCE ИМУНО го обезбедуваат потребното количество витамини и минерали, со цел да се задоволат зголемените потреби на организмот. 

УПОТРЕБА 

  • Витаминот Ц, витаминот Б₁₂, витаминот Д, цинкот и селенот придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем. 
  • Витаминот Ц, цинкот и селенот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес. 
  • Витаминот Ц и витаминот Б₁₂ придонесуваат за нормален метаболизам на енергија. 
  • Витаминот Ц и витаминот Б₁₂ придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста. 
  •  

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА ПРИМЕНА 

Еднаш дневно, по една кесичка. Треба да се растопи директно во устата. 

ПАКУВАЊЕ 

Картонската кутија содржи 20 кесички и упатство за употреба. 

MULTI ESSENCE ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ 50+

Состав

Една таблета содржи 13 витамини, 11 минерали и лутеин.

Фармацевтска форма

Трислојни таблети

Дејство

  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, биотинот, калциумот, магнезиумот, железото, манганот, бакарот, јодот и фосфорот придонесуваат за нормално искористување на енергијата.
  • Витаминот Ц, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, фолната киселина, магнезиумот и железото придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, биотинот, магнезиумот, бакарот и јодот придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, фолната киселина, биотинот и магнезиумот придонесуваат за нормална психолошка функција.
  • Железото, јодот и цинкот придонесуваат за нормална когнитивна функција.
  • Витаминот Ц, витаминот А, витаминот Д, витаминот Б6, витаминот Б12, фолната киселина, железото, цинкот, бакарот и селенот придонесуваат за нормална функција на имуниот систем
  • Витаминот Ц, витаминот Е, витаминот Б2, цинкот, манганот, бакарот и селенот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
  • Витаминот А, витаминот Б2, ниацинот и биотинот придонесуваат за одржување нормални кожа и мукозни мембрани, додека биотинот, цинкот и селенот придонесуваат за одржување нормална коса.
  • Витаминот К, витаминот Д, калциумот, магнезиумот, цинкот, манганот и фосфорот придонесуваат за одржување нормални коски.
  • Витаминот Д, калциумот и магнезиумот придонесуваат за одржување нормална мускулна функција и нормални заби
  • Цинкот и селенот придонесуваат за одржување нормални нокти.
  • Витаминот А, витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид.
  • Витаминот Д, витаминот Б12, фолната киселина, магнезиумот, железото и цинкот играат улога во процесот на клеточна делба.
  • Јодот и селенот придонесуваат за нормална тироидна функција.
  • Витаминот Б6, витаминот Б12 и железото придонесуваат за нормално создавање црвени крвни клетки.
  • Витаминот Ц дополнително придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавицата, непцата, забите и на кожата. Исто така, ја зголемува апсорпцијата на железо.
  • Хромот придонесува за одржување нормални нивоа на гликоза во крвта

Употреба

Трислојните таблети MULTI ESSENCE Витамини и минерали за возрасни, како додаток во исхраната, ги задоволуваат зголемените потреби од внесување витамини и минерали кај возрасните лица.

Дозирање и начин на примена

Една таблета дневно да се проголта со малку течност.

Пакување

Картонската кутија содржи 30 таблети (2 блистери) и упатство за употреба.

MULTI ESSENCE ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ – ќесички

Состав

Една кесичка за директна употреба содржи 13 витамини, 10 минерали и лутеин.

Фармацевтска форма

Микрогранули за директна примена, со пријатен вкус на јагода, брусница и на ванила.

Дејство

Микрогранули за директна примена MULTI ESSENCE Витамини и минерали за возрасни, ја обезбедуваат потребната количина витамини и минерали, со цел да се задоволат зголемените потреби на организмот.

  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, биотинот, калциумот, магнезиумот, железото, манганот, бакарот, јодот и фосфорот придонесуваат за нормално искористување на енергијата.
  • Витаминот Ц, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, фолната киселина, магнезиумот и железото придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, биотинот, магнезиумот, бакарот и јодот придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, фолната киселина, биотинот и магнезиумот придонесуваат за нормална психолошка функција.
  • Железото, јодот и цинкот придонесуваат за нормална когнитивна функција.
  • Витаминот Ц, витаминот А, витаминот Д, витаминот Б6, витаминот Б12, фолната киселина, железото, цинкот, бакарот и селенот придонесуваат за нормална функција на имуниот систем
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, биотинот, калциумот, магнезиумот, железото, манганот, бакарот и јодот придонесуваат за нормално искористување на енергијата.
  • Витаминот Ц, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, фолната киселина, магнезиумот и железото придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, биотинот, магнезиумот, бакарот и јодот придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем.

  • Витаминот Ц, витаминот А, витаминот Д, витаминот Б6, витаминот Б12, фолната киселина, железото, цинкот, бакарот и селенот придонесуваат за нормална функција на имуниот систем.
  • Витаминот Ц, витаминот Е, витаминот Б2, цинкот, манганот, бакарот и селенот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
  • Витаминот А, витаминот Б2, ниацинот и биотинот придонесуваат за одржување нормални кожа и мукозни мембрани, додека биотинот, цинкот и селенот придонесуваат за одржување нормална коса.
  • Витаминот К, витаминот Д, калциумот, магнезиумот, цинкот и манганот придонесуваат за одржување нормални коски.
  • Витаминот Д, калциумот и магнезиумот придонесуваат за одржување нормална мускулна функција и нормални заби.
  • Цинкот и селенот придонесуваат за одржување нормални нокти.
  • Витаминот А, витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид.
  • Витаминот Д, витаминот Б12, фолната киселина, магнезиумот, железото и цинкот играат улога во процесот на клеточна делба.
  • Јодот и селенот придонесуваат за нормална тироидна функција.
  • Витаминот Б6, витаминот Б12 и железото придонесуваат за нормално создавање црвени крвни клетки.
  • Витаминот Ц дополнително придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавицата, непцата, забите и на кожата. Исто така, ја зголемува апсорпцијата на железо
  • Витаминот Ц дополнително придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавицата, непцата, забите и на кожата. Исто така, ја зголемува апсорпцијата на железо.
  • Хромот придонесува за одржување нормални нивоа на гликоза во крвта.

Употреба

Микрогранулите за директна примена MULTI ESSENCE Витамини и минерали за возрасни, како додаток во исхраната, ги задоволуваат зголемените потреби од внесување витамини и минерали кај возрасните.

Дозирање и начин на примена

Возрасни: Еднаш дневно, по една кесичка, да се растопи директно во устата.

Пакување

Картонската кутија содржи 30 кесички и упатство за употреба.

MULTI ESSENCE ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ – таблети

Состав

Една таблета содржи 13 витамини, 10 минерали и лутеин.

Фармацевтска форма

Трислојни таблети

Дејство

Трислојните таблети MULTI ESSENCE Витамини и минерали за возрасни, ја обезбедуваат потребната количина витамини и минерали, со цел да се задоволат зголемените потреби на организмот.

  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, биотинот, калциумот, магнезиумот, железото, манганот, бакарот, јодот и фосфорот придонесуваат за нормално искористување на енергијата.
  • Витаминот Ц, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, фолната киселина, магнезиумот и железото придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, биотинот, магнезиумот, бакарот и јодот придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, фолната киселина, биотинот и магнезиумот придонесуваат за нормална психолошка функција.
  • Железото, јодот и цинкот придонесуваат за нормална когнитивна функција.
  • Витаминот Ц, витаминот А, витаминот Д, витаминот Б6, витаминот Б12, фолната киселина, железото, цинкот, бакарот и селенот придонесуваат за нормална функција на имуниот систем
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, биотинот, калциумот, магнезиумот, железото, манганот, бакарот и јодот придонесуваат за нормално искористување на енергијата.
  • Витаминот Ц, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, фолната киселина, магнезиумот и железото придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, биотинот, магнезиумот, бакарот и јодот придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем.
  • Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, фолната киселина, биотинот и магнезиумот придонесуваат за нормална психолошка функција.
  • Железото, јодот и цинкот придонесуваат за нормална когнитивна функција.
  • Витаминот Ц, витаминот А, витаминот Д, витаминот Б6, витаминот Б12, фолната киселина, железото, цинкот, бакарот и селенот придонесуваат за нормална функција на имуниот систем.
  • Витаминот Ц, витаминот Е, витаминот Б2, цинкот, манганот, бакарот и селенот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
  • Витаминот А, витаминот Б2, ниацинот и биотинот придонесуваат за одржување нормални кожа и мукозни мембрани, додека биотинот, цинкот и селенот придонесуваат за одржување нормална коса.
  • Витаминот К, витаминот Д, калциумот, магнезиумот, цинкот и манганот придонесуваат за одржување нормални коски.
  • Витаминот Д, калциумот и магнезиумот придонесуваат за одржување нормална мускулна функција и нормални заби.
  • Цинкот и селенот придонесуваат за одржување нормални нокти.
  • Витаминот А, витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид.
  • Витаминот Д, витаминот Б12, фолната киселина, магнезиумот, железото и цинкот играат улога во процесот на клеточна делба.
  • Јодот и селенот придонесуваат за нормална тироидна функција.
  • Витаминот Б6, витаминот Б12 и железото придонесуваат за нормално создавање црвени крвни клетки.
  • Витаминот Ц дополнително придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавицата, непцата, забите и на кожата. Исто така, ја зголемува апсорпцијата на железо
  • Витаминот Ц дополнително придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавицата, непцата, забите и на кожата. Исто така, ја зголемува апсорпцијата на железо.
  • Хромот придонесува за одржување нормални нивоа на гликоза во крвта.

Употреба

Трислојните таблети MULTI ESSENCE Витамини и минерали за возрасни, како додаток во исхраната, ги задоволуваат зголемените потреби од внесување витамини и минерали кај возрасните лица.

Дозирање и начин на примена

Една таблета дневно да се проголта со малку течност.

Пакување

Картонската кутија содржи 30 таблети (2 блистери) и упатство за употреба.

MULTI ESSENCE МАГНЕЗИУМ 400 + Б КОМПЛЕКС

Состав

Една кесичка содржи 400 mg магнезиум и Б-витамини.

Фармацевтска форма

Микрогранули за директна примена.

Дејство

Микрогранулите за директна примена MULTI ESSENCE Магнезиум 400 + Б комплекс ја обезбедуваат потребната количина магнезиум заедно со останатите Б-витамини, со цел да се задоволат зголемените потреби на организмот:

Магнезиумот придонесува за нормална функција на нервниот систем, нормална мускулна функција, намалување на заморот и на исцрпеноста, нормален електролитен баланс, нормална синтеза на протеини и за нормална психолошка функција. Магнезиумот има улога во процесот на делбата на клетките.

Витаминот Б₁ придонесува за нормална функција на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето.

Витаминот Б₂ придонесува за нормален метаболизам, создавање енергија, нормална функција на нервниот систем и за заштита на клетките од оксидација.

Витаминот Б₆ придонесува за нормален метаболизам, создавање енергија, нормална функција на нервниот и на имунолошкиот систем, нормална психолошка функција, нормален метаболизам на протеините и на гликогенот и за намалување на заморот и на исцрпеноста.

Витаминот Б₁₂ придонесува за нормална психолошка функција и за намалување на заморот и на исцрпеноста. Витаминот Б₁₂ има улога во процесот на делбата на клетките.

Употреба

Препорачана дневна доза:

Возрасни: еднаш дневно, содржината на кесичката да се растопи дирекно во уста.

Пакување

Картонската кутија содржи 20 кесички и упатство за употреба.