Три начини како да си ја вратиш енергијата по вежбањето

Уште пред почетокот на летната сезона навлегуваш во онаа фаза од годината кога си ги подготвуваш телото и организмот за на плажа. Мотивацијата ти е на највисоко ниво. Убеден/а си дека овојпат ќе успееш. 

По неколку тренинзи се чувствуваш заморно и исцрпено до тој степен што забораваш колку ти била важна првичната цел.

Истоштеноста и воспалените мускули по вежбањето се доволна причина за демотивација. 

Но што ако има брзи начини како да си ја вратиш енергијата по вежбањето?

Еве 3 начини што докажано ќе ти го дадат енергетскиот поттик кој ти е потребен.

  1. Практикување јога

Доколку јогата не е дел од твојата дневна рутина, сега е моментот да го промениш тоа. 

Во моментот кога ќе се почувствуваш исцрпено по тренинг, направи неколку јога-пози и за само неколку минути ќе се чувствуваш подобро.

Многу фитнесексперти ја препорачуваат токму поради позитивните придобивки што ги нуди.

✅ Прави да се чувствуваш енергично, и покрај напорното вежбање.

✅ Го подобрува расположението.

✅ Го регулира нивото на стрес.

✅ Релаксира.

✅ Го подобрува спиењето.

  • Студен туш

Помислата да се тушираш со студена вода по напорен тренинг сигурно не ти е на листата на омилени активности.

Сепак, факт е дека студениот туш е екстремно корисен, особено по тренинг.

✅ Ја подобрува циркулацијата на крвта низ телото.

✅ Ја намалува болката во мускулите.

✅ Поттикнува трошење калории.

✅ Ја зголемува енергијата.

Ако не си фан на студен туш, пробај го следново:

Не започнувај веднаш со студена вода. Туширај се со вообичаената температура на водата, со таа разлика што во последните 30 секунди ќе ја промениш температурата на водата за да биде студена. 

  • Консумирање магнезиум и витамин Б

Од регулирање на нивото на шеќер во крвта до подобрување на атлетските перформанси, магнезиумот е клучен за правилно функционирање на твојот мозок и на твоето тело.

✅ Магнезиумот е одговорен за повеќе од 600 телесни функции.

✅ Дава доволно сила пред и по вежбање.

✅ Го подобрува здравјето на коските. 

✅ Може да помогне при симптоми на стрес и на хроничен замор.

Која храна содржи големо количество на магнезиум? 

Магнезиумот е присутен во многу видови храна

  • семки од тиква,
  • спанаќ, 
  • бадеми,
  • индиски ореви,
  • црн грав,
  • лосос,
  • авокадо.

Зошто магнезиумот + витамините Б се одлична комбинација за враќање на енергијата?

Придобивките од магнезиумот, надополнети со придобивките од витамините од Б-групата, значително ќе го поттикнат твоето тело да ги одржува полни батериите за време и по вежбањето.

Еве зошто:

Витаминот Б1 придонесува за нормална функција на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето.

Витаминот Б2 придонесува за нормален метаболизам, создавање енергија, нормална функција на нервниот систем и за заштита на клетките од оксидација.

Витаминот Б6 придонесува за нормален метаболизам, создавање енергија, нормална функција на нервниот и на имунолошкиот систем, за нормална психолошка функција, нормален метаболизам на протеините и на гликогенот и за намалување на заморот и на исцрпеноста.

Витаминот Б12 придонесува за нормална психолошка функција и за намалување на заморот и на исцрпеноста. Витаминот Б₁₂ има улога во процесот на делба на клетките.

 Која храна содржи големо количество на Б-витамини

  • Месо (пилешко, говедско, свинско месо и риба)
  • Јајца
  • Грав
  • Спанаќ
  • Зелен зеленчук
  • Морков
  • Банани
  • Бобинки
  • Кафеав ориз
  • Семки од сончоглед
  • Јаткасти плодови

За да дознаете повеќе за MULTI ESSENCE,магнезиум 400 + Б-комплекс, и како може да ви помогне овој додаток, прочитајте повеќе на https://zdravjebezrecept.mk/product/multi-essence-magnezium-400-b-kompleks/