Стареењето не е никако едноставен процес. Сите знаеме дека доаѓа, но сепак не можеме да преземеме нешто во врска со истото. Сепак, не е сѐ толку сиво. Постојат и некои позитивни страни на стареењето – со него доаѓаат мудроста и искуството.
Како што еднаш изјавила Ингрид Бергман: „Стареењето е како искачување на планина: можеби на момент не можеш да дојдеш до здив, но на крај погледот е многу подобар!“. Секако добиваме еден нов поглед на животот. Меѓутоа, со текот на годините се појавуваат и несакани проблеми со кои се соочуваат повеќето од нас. Обично се однесуваат на здравјето – сензорни и визуелни тешкотии, покачување на телесната тежина и намалување на мобилноста.
Колку луѓе (или нивните родители) мора да одат со помош на стап? Или колкумина имаат проблеми со висок крвен притисок, чести настинки и грип или можеби со анемија? А на колкумина им треба слушен апарат? Иако немаме одговори на сите овие прашања, можеме да понудиме неколку совети. Да започнеме со еден од најчестите здравствени проблеми во поодминатата животна доба – слабеењето на функцијата на имунолошкиот систем.
Што го ослабнува толку имунитетот?
Причинителите за слабиот имунолошки систем во подоцнежната доба навистина се многубројни. Еден од нив е недостигот од подвижност, а, исто така, и слабата односно нередовна исхрана. Но постојат неколку чекори кои можете да ги преземете за да си го зајакните имунитетот.
1. Практикувајте здрава и избалансирана исхрана
Би го додале и тоа дека таа исхрана треба да биде богата со хранливи состојки. Нормално дека здравата исхрана им е неопходна на сите, но особено на постарата популација. Зошто е здравата и избалансирана исхрана толку важна за лицата постари од 50 години? Кога ќе навршиме 50 години, нашиот метаболизам почнува да забавува. Потоа доаѓа и до одредени здравствени нарушувања, што е сосема нормално. Но истовремено е важно по 50. година да ја исфрлиме брзата храна и да се фокусираме на здравите производи. Преку здравата исхрана можеме да спречиме добивање вишок телесна тежина и предизвикување на одредени здравствени нарушувања. Зелениот лиснат зеленчук е одличен извор на витамини и минерали, исто како е бобинките, јаткастите плодови и семките. Консумирањето храна богата со витамини и минерали е клучна за јакнење на имунолошкиот систем, па треба да почнете да се храните поздраво што е можно поскоро.
2. Останете активни
Како што старееме, одржувањето на телесната форма и на активниот начин на живот станува сѐ потешко, но тоа не значи дека треба да престанеме да се трудиме и да го замениме движењето со седење. Редовната физичка активност може да го зајакне имунолошкиот систем и да помогне во борбата против големиот број вируси. За да останете во форма, не мора да кревате тегови и да трчате пет километри дневно. Но ако имате добро здравје, треба барем 150 минути неделно да се занимавате со некоја умерена физичка активност која ја поттикнува работата на срцето. Подобро е кога вкупната препорачана активност ќе се распореди на три или на повеќе денови, со минимално траење од по десет минути. Ако не сте во добра форма, сѐ што треба да направите е секој ден да одите во получасовна прошетка. Неверојатно е што сѐ може да се постигне со едноставна прошетка во паркот.
3. Намалете го стресот
Овој совет се однесува и на помладите лица, но особено е важно да го знаат постарите. Хроничниот стрес го слабее имунолошкиот систем, а тоа нѐ прави подложни на вирусни инфекции и на други болести. Поради тоа настојувајте да го намалите нивото на стрес, а уште подобро би било кога би успеале да го сведете на нула. Како да го постигнете тоа? Постојат многу работи кои можат да ви помогнат да го намалите нивото на стрес. На пример, можете да медитирате. Медитацијата може да ви предизвика чувство на смиреност, мир и рамнотежа, што може позитивно да влијае врз вашата емоционална и физичка состојба. Може да пробате и јога. Не заборавајте дека јогата и медитацијата одат рака под рака. Јогата, исто така, може да помогне да се постигне чувство на смиреност на телото и на умот, а да не ја заборавиме и флексибилноста. Исто така, може да ви помогне да се опуштите и да заборавите на стресот и на анксиозноста. Доволно часови поминати во спиење е уште еден одличен начин за намалување на нивото на стрес, па на вас е да одлучите кој пристап најмногу ви одговара. Разговарајте со својот лекар за други можности. Но што и да изберете започнете што е можно поскоро.
4. Вакцинирајте се против грип
Годишната вакцина против грип може значително да го намали ризикот од зараза, што значи дека е добро да се вакцинирате. Вакцината против грип го поттикнува вашиот имунолошки систем да создава антитела против вирусот на сезонски грип. Доколку, сепак, дојде до заразување, симптомите по вакцинирањето се полесни и поподносливи.
5. Додатоци во исхраната
Здравата исхрана и намалувањето на нивото на стрес можат многу да помогнат, но постојат и други решенија. Ако сакате да преземете некои дополнителни чекори, можете да испробате и некои добри и ефикасни додатоци во исхраната богати со материи кои поволно влијаат врз имунитетот, како што се одредени витамини и минерали.
Доколку имате 50 и повеќе години, додатокот во исхраната MULTI ESSENCE Витамини и минерали за возрасни 50+, може да биде добар избор токму за вас. Зошто? Затоа што само една таблета содржи 13 витамини, 11 минерали и лутеин. Соодветната комбинација на витамини и минерали ги задоволува зголемените потреби на позрелата популација.
Ако сакате да дознаете повеќе за производот MULTI ESSENCE, витамини и минерали за возрасни 50+, посетете ја страницата на производот . За сите дополнителни информации за примената на производот консултирајте се со својот лекар или со фармацевт.
Додатокот во исхраната не е надомест или замена за избалансираната исхрана. Важно е да се придржувате до избалансираната и разновидна исхрана и до здравиот начин на живот.