Животот на 50 години: пронаоѓање нова рамнотежа и ново значење

Ајде да се соочиме. Животот по 50-тите години може да е голем предизвик. А кога, пак, не бил!? Од една страна, финансиски сте постабилни и јасно е зацртан патот на вашата кариера. Од друга страна, веројатно, имате деца кои го следат својот пат во животот и, дa, oвие промени може да донесат одреден бран нови емоции. Добро е чувството да се опуштите и да се ослободите по долг период, но одеднаш не сте толку потребни како порано.

Според некои истражувања спроведени во Велика Британија, возрасната група од 56 до 60 години е најизолирана од сите категории лица постари од 50 години и на тие луѓе околу 30 часа неделно им поминуваат без друштво.

Животот на 50 години: „Значи, што има ново?

Не грижете се. Сѐ ќе биде добро. Секако, можеби ги немате силата, здравјето и трпението на 30-годишник, но има многу работи што може да ги направите за да уживате во овој период од вашиот живот. Меѓутоа, ако имате повеќе од 50 години, треба да почнете да се грижите за своето здравје малку повеќе. Значи, слободно јавете му се на комшијата и одете на прошетка во парк. Направете ги рутинските мамографии што ги избегнувавте цела вечност, а и редовниот преглед кај вашиот лекар. Тоа не само што може да ви го спаси животот туку може да го направи и малку попријатен.

Животот на 50 години: што е најважно

Еве еден предлог. Сосредоточете се малку повеќе на себе. Да, на себе. Ова е онаа скапоцена доба од вашиот живот кога може да си дозволите да се опуштите. Немате мали деца кои треба да ги водите на балет или тинејџери кои треба да ги поддржувате во тинејџерските години кога беснеат со хормоните. Не, ова е време кога може да си дозволите да сте себични и тоа е во ред. Само напред. Резервирајте го крстарењето на кое отсекогаш сте сакале да одите. Всушност, поголем дел од лицата над 50 години (66 %) имаат желба за патување, која може да варира од желба за патување низ светот до желба за локално истражување. Искористете го максимумот од тоа. Сега е вистинското време за тоа.

На што да се фокусирате во 50-тите години од својот живот?

Одржувањето во добра физичка кондиција

Кој вели дека треба да пуштите корени пред телевизор? Не, во 50-тите години вашиот метаболизам почнува да забавува. Тоа може да доведе до недостиг на енергија и до зголемување на телесната тежина, но во најдобар интерес ви е да започнете да се борите со тоа. Не заборавајте да останете активни и во 50-тите. Почнете да пешачите редовно и обидете се да го одржувате физичкото здравје. Исто така, според веб-страницата „Медицина“ на Џонс Хопкинс, треба да се фокусирате на три клучни аспекти од вашето фитнес-патување: вежби за зајакнување на мускулите, истегнување и вежбање, по можност, со партнер. „Ако вежбате со пријател или со сопружник, генерално, ќе настојувате да вежбате поредовно зашто до вас е личноста што ќе ве убеди“, вели д-р Раџ Деу од Џонс Хопкинс.

Вашето ментално здравје

Не запоставувајте го своето ментално здравје. Да, промените што доаѓаат во оваа доба може да влијаат врз вашиот живот, без оглед на тоа дали се однесуваат на приватниот или на професионалниот дел. Треба да се грижите како за физичкото така и за менталното здравје. Ова особено важи за жените кои минуваат низ менопауза. Добро време е повторно да се запознаете себеси и со тоа треба да започнете сега.

Вашата кожа

Да, брчките се природен дел од процесот на стареење. Понатаму, губењето на мускулите, коските и на маснотиите под кожата (заедно со промените во колагенот и во еластинот) ги прави брчките подраматични, особено ако сте пушеле или ако интензивно сте се сончале. Но, да. Треба да се јавите на дерматолог и да почнете подобро да се грижите за својата кожа во овој период. Педесеттите се одлична возраст за тоа. Што вбројува таа нега на кожата сега во 50-тите години од вашиот живот? Производи против стареење и многу кремови за сончање. Всушност, треба секојдневно да користите производи со најмалку 7 % цинк оксид и заштитен фактор 30 или повеќе, како со UVB- така и со UVA-заштита. Честопати се вели дека убавината доаѓа однатре, па погрижете се да се придржувате до здравата исхрана, оптималната хидратација и до редовното внесување на многу потребните витамини и минерали.

Вашиот имунолошки систем

Добро е да не го занемарувате својот имунолошки систем во секој период од животот. Тој е вашата прва линија на одбрана од многу сезонски вируси и од периоди на грип. Но, треба да го негувате тој имунолошки систем дури и во 50-тите години од својот живот. Доколку ве интересира некој совет за тоа како да се грижите за својот имунитет, може да најдете повеќе информации овде (линк до претходната статија: „5 начини за зајакнување на имунолошкиот систем над 50 години“). И што и да правите не заборавајте да се погрижите редовно да внесувате витамини и минерали.

Животот на 50 години е супер ако го дозволите тоа!

Кој вели дека животот на 50 години е досаден!? Не. Всушност, тоа е драгоцено време за да се фокусирате на себе и на својот партнер. Правете ги работите што отсекогаш сте сакале да ги правите. Работете на својата физичка и ментална благосостојба и останете активни, а на тоа патување може да имате одличен сојузник. Тоа е производот MULTI ESSENCE, витамини и минерали за возрасни 50+ (линк до страницата на производот ME MVM 50+), додаток специјално наменет за лица над 50 години, кој содржи мешавина од 13 витамини, 11 минерали и лутеин. Секоја таблета од производот MULTI ESSENCE, витамини и минерали за возрасни 50+, ја обезбедува потребната количина витамини и минерали, кои се повеќе од доволни за задоволување на зголемените потреби на организмот во позрелата возраст. Не испуштајте го – може да направите огромна разлика.

Значи, ако сте заинтересирани да дознаете повеќе за придобивките и за составот или други детали за производот на MULTI ESSENCE, витамини и минерали за возрасни 50+, може да ја посетите официјалната страница на производот овде (линк до страницата на производот ME MVM 50+). За повеќе совети за вашето здравје или за вашата благосостојба обратете се кај својот лекар.