ЦИТИКОЛ Б

...

Состав

Капките за очи Цитикол Б претставуваат стерилен раствор, медицинско средство од класа IIa, и содржат:

  • 2 % натриумова сол на цитиколин;
  • 0,2 % xијалуронска киселина;
  • 0,05 % цијанокобаламин (витамин Б12) и
  • 0,01 % бензалкониум хлорид.

Растворот е со pH-вредност од 6,3 до 6,7.

Фармацевтска форма

Капки за очи, раствор.

Дејство

Цитиколинoт помага во обновување на оштетените клеточни мембрани на ретинските ганглиски клетки и на главата на оптичкиот нерв.

Хијалуронската киселина помага во подобрување на стабилноста на солзниот филм, со што површината на окото се одржува подмачкана, навлажнета и заштитена.

Цијанокобаламинот (витамин Б12) поволно влијае врз растот на епителните клетки на рожницата и ги штити клетките од дејството на слободните радикали.

Употреба

  • Пациенти со глауком (покрај стандардната хипотензивна терапија).
  • Пациенти со дијабетична ретинопатија.

Возрасни: По една капка во окото, 3 пати на ден, по потреба.

Пакување

Шише со 10 ml раствор, кутија и упатство за пациентот.

...

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.