PROCULIN TEARS ADVANCE

...

Состав

Натриум хијалуронат (0,4%) водни дестилати од гинко билоба, анасон, боровинка и готу кола.

Фармацевтска форма

Капки за очи, раствор

Дејство

Натриум хијалуронатот обезбедува соодветно подмачкување на очната површина и заштита од триење предизвикано од движењето на очите, воедно задржувајќи ја водата на површината од очниот епител. На тој начин, ја зголемува стабилноста на солзниот филм, кој ја штити рожницата од надворешни влијанија.

Водениот дестилат од гинко билоба ја подобрува острината на видот при гледање во далечина и ги смирува уморните очи.

Дестилатот од гинко билоба заедно со дестилатот од готу кола се особено корисни во процесите на намалување на иритацијата. Дестилатот од боровинка има освежувачки особини-ги смирува уморните очи и има заштитно дејство од атмосферски и надворешни влијанија.

Дестилатот од анасон вообичаено се користи за смирување на чувството на печење. Заедно со дестилатот од боровинка имаат обновувачко дејство.

Индикации

Капките за очи Прокулин Солзи Адванс со обновувачко и со заштитно дејство се користат за освежување, смирување и за подмачкување на сувите очи и во случаи на иритација на окото како резултат на:

  • атмосферски фактори (климатизирана средина, преголема изложеност на сончево зрачење, ветер, чад, загадување);
  • сувост на окото предизвикана од прекумерен замор, како резултат на долготрајна работа пред компјутер или на учење, или од синдром на суво око;
  • офталмолошки стрес, по оперативен зафат на површината на окото;
  • носење леќи неколку часа на ден.

Пакување

Пластично повеќедозно шишенце со 10 ml раствор и упатство за пациентот. Без конзерванси

...

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.