ПРОКУЛИН ПЛУС

...

Состав

Две капсули содржат:

571,2 mg рибино масло (вклучувајќи 250 mg докосахексаеноична киселина – DHA;
80 mg витамин Ц;
12 mg лутеин + 0,6 mg зеаксантин;
12 mg природен витамин Е (во форма на D-алфа-токоферол);
10 mg цинк (во форма на цинк глуконат);
1,4 mg витамин Б2 (рибофлавин);
1 mg бакар (во форма на бакар сулфат);
800 mg витамин А (во форма на β-каротен);
56 mg селен

Фармацевтска форма

Меки капсули

Дејство

Капсулите Proculin Plus содржат комплекс од состојки неопходни за зачувување на видот и за заштита на очите од штетното дејство на таканаречените слободни радикали.

Ксантофилните пигменти лутеин и зеаксантин играат важна улога за одржување на функцијата на ретината.

Висококонцентрираното и пречистено рибино масло (збогатено со оптимална концентрација на DHA) придонесува за одржување нормален вид.

Витамините и минералите придонесуваат за заштита на очите од штетното дејство на слободните радикали и помагаат за зачувување на видот.

Употреба

Proculin Plus е додаток во исхраната кој помага за одржување нормален вид и за заштита на клетките од оксидација.

  • DHA и витаминот А придонесуваат за одржување нормален вид.
  • Витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид и за заштита на клетките од оксидација.
  • Витаминот Е, витаминот Ц, бакарот и селенот придонесуваат за заштита на клетките од оксидација.
  • Витаминот Ц придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Цинкот придонесува за нормален метаболизам на витаминот А.

Пакување

Картонска кутија со 30 капсули (2 блистери) и упатство за употреба.

...