Сите копнееме по она чувство на исполнетост што го добиваме по тренинг. Целта на вежбањето е да ни дава енергија и мотивација за да бидеме најдобрата верзија на себе, нели?
Но што ако по вежбањето немаш воопшто енергија? Дали и каде си погрешил/а? 😪
Еве 4 можни причини поради кои се чувствуваш заморно по тренинг.
Понекогаш е одлично да се предизвикаш себеси и да ги тестираш границите на своето тело. Но, ако секојдневно вежбаш напорно без да му дадеш барем два дена одмор на телото помеѓу исцрпувачките тренинзи, енергијата може значително да опадне.
Чувство на замор и на истоштеност, како и повреди на мускулите се само дел од последиците. ❌
✅ Дозволи си барем 2 дена одмор помеѓу интензивните тренинзи за телото да се регенерира.
✅ Направи комбинација од интензивни и од релаксирачки тренинзи, без да се фокусираш на крајности.
Сигурно ти се случило да изедеш нездрав оброк, па да одиш на вежбање и тогаш да сфатиш дека не можеш максимално да го искористиш капацитетот на своето тело за време на тренингот.
Но, веќе е предоцна. ⌛
Правилната и балансирана исхрана може да ги подобри твоите физички перформанси. Исхраната има директно влијание не само врз способноста на мускулите да закрепнат по тренингот туку и врз нивото на твојата енергија.
✅ По тренинг се препорачува консумирање околу 10 до 20 грама протеини потребни за да ги снабдат мускулите со аминокиселини за да закрепнат и за да растат.
✅ Консумирај ги најбогатите извори на протеини, како што се месото, млечните производи, јајцата, зрнестиот зеленчук и јаткастите плодови.
Без разлика дали си професионален спортист или рекреативец, магнезиумот е една од најважните хранливи состојки за секој што е физички активен.
Причината е едноставна – нивото на магнезиум во твојот организам значително се намалува по напорен тренинг. Магнезиумот ги регулира крвниот притисок и чувствителноста на инсулин во организмот, активности што се зголемени за време на вежбањето.
✅ Консумирај барем 400 mg магнезиум по тренинг за да добиш повеќе сила и за да го забрзаш процесот на закрепнување.
✅Пробај ги микрогранулите за директна примена MULTI ESSENCE, магнезиум 400 + Б–комплекс, кои ја обезбедуваат потребната количина магнезиум заедно со другите Б-витамини, за да се задоволат зголемените потреби на организмот по вежбањето.
За време на интензивен тренинг, преку потењето, телото троши 1 до 2 литри од својата водна маса. Како резултат на тоа телото дехидрира и тоа е сосема нормално.
Но, ако не го хидрираш телото по тренинг, твоите мускули нема да закрепнат добро, а заморот и летаргијата ќе те следат додека не се сетиш дека си заборавил да се напиеш неколку чаши вода. 🚰
✅ Еден час пред тренинг – 2 чаши вода
✅ Петнаесет минути пред тренинг – половина чаша вода
✅ За време на тренинг од 1 час – 2 чаши вода
✅ По тренинг – 3 чаши вода