Имате ли поголеми изгледи за развој на старосна макуларна дегенерација?

Старосната макуларна дегенерација е еден од најчестите причинители за губење на видот кај лицата на возраст од 50 години и постари. Таа влијае врз централниот вид, а со тоа и врз способноста за распознавање детаљи, но во почетните стадиуми можеби нема ни да имате симптоми, па така нема ни да сте свесни дека е болеста присутна. Постојат два вида на старосна макуларна дегенерација – сува и влажна – со тоа што најчесто се јавува со сува форма. На почетокот може да се развие на едното или на двете очи, но долгорочно предизвикува промени и на двете очи. Со текот на времето видот може да се влоши и да влијае врз способноста за вршење на секојдневните активности, како на пример читање, возење или распознавање лица.

Кои се најчестите симптоми на старосна макуларна дегенерација?

Влошен или нејасен вид е еден од најчестите симптоми на старосна макуларна дегенерација. Можно е видот да се замагли или, пак, во средината на видното поле да се појават темни подрачја. Еден од симптомите е тешкотии при распознавањето познати лица. Може да се случи во видното поле рамните црти да изгледаат брановидно или искривено. Важно е да се напомене дека симптомите на старосна макуларна дегенерација можат да личат на која било друга болест на окото, па затоа консултирајте се со лекар во врска со причинителите на старосната макуларна дегенерација и дознајте дали сте потенцијален кандидат кај кого може да се развие оваа болест. Доколку имате поголеми изгледи за развој на старосна макуларна дегенерација, треба да ги преземете сите чекори за да ја спречите.

Како ќе знаете дали имате поголеми изгледи за развој на болеста? На кои ризик-фактори треба да им обрнете внимание?

Еве неколку ризик-фактори на кои треба да им обрнете внимание.

Стареење и генетика

Стареењето претставува ризик кој, за жал, не можеме да го контролираме. Кај едно од седум лица постари од 50 години се присутни одредени знаци на старосна макуларна дегенерација. Генетиката игра голема улога во развојот на старосната макуларна дегенерација и е ризик кој не смеете да го занемарите. Иако тој ризик не е можно да се контролира, добро е и нему да му обрнете внимание. Ако некој од родителите ви страда од оваа болест, веројатно би можела да се развие и кај вас. Всушност, генетските фактори играат одредена улога во 70 отсто од случаите на старосна макуларна дегенерација.

Доколку, на пример, имате светли очи, поголеми се шансите за развој на сувата форма на старосната макуларна дегенерација, бидејќи очите со светла боја не ги одбиваат ултравиолетовите зраци подеднакво ефикасно како темните очи. Затоа внимавајте ако имате сини очи!

Пушење

За разлика од генетиката и од стареењето, пушењето е ризик-фактор кој можете да го контролирате и навистина можете да преземете нешто во врска со тоа. Зошто? Затоа што е пушењето најголемиот променлив ризик-фактор за појава на старосна макуларна дегенерација. Некои испитувања покажуваат дека пушачите имаат три- до четирипати поголеми изгледи за развој на старосна макуларна дегенерација, па затоа е најдобро да престанете да пушите, и тоа веднаш. Од таа промена на начинот на живот корист ќе имаат вашите бели дробови, но ќе ви се подобри и целокупната здравствена состојба.

Дебелина и кардиоваскуларни тегоби

Дебелината во денешно време е често заболување, кое предизвикува многу здравствени тегоби, а има големо влијание врз многу аспекти на животот. Дебелината може да претставува ризик за развој на старосна макуларна дегенерација, па затоа е најдобро да се внимава на телесната тежина, особено во постарата животна доба. Кардиоваскуларите болести, исто така, може да бидат ризик-фактор за појава на старосна макуларна дегенерација и треба сериозно да ги сфатите, па затоа држете се до распоредот за лекарски прегледи и немојте да ги пропуштате.

Жени

Да. Жените имаат поголем изглед за развој на старосна макуларна дегенерација. Околу 2/3 од лицата заболени од оваа болест се жени, а 1/3 мажи. Причинителот за ваквата статистика лежи во фактот дека жените живеат подолго од мажите.

Што можете да направите за здравјето на вашите очи?

Моментално не постои лек за сувата макуларна дегенерација, додека, пак, за влажната се достапни одредени видови лечења. Во секој случај, постојат неколку постапки што можете да ги разгледате со својот офталмолог.

Како што видовме, постојат ризик-фактори за развој на оваа болест кои не може да се контролираат. Но постојат и чекори кои можете да ги преземете за да си го подобрите квалитетот на живот и за да спречите развој на макуларна дегенерација, како што се на пример престанувањето со пушење и грижата за намирниците што ги консумирате. Поволен ефект врз стопирањето на напредокот на болеста може да има и исхраната богата со витамини со антиоксидациски својства. Овде ги вбројуваме на пример кељот, спанаќот, брокулата, тиквата, како и намирниците кои се богати со цинк, витамини C и E, бакар, како и со лутеин и со зеаксантин.   

PROCULIN PLUS: За здравјето на вашите очи

Капсулите PROCULIN PLUS се додаток во исхрната со лутеин, зеаксантин, DHA од рибино масло и со витамини и минерали.

Содржат DHA која придонесува за одржување нормален вид. Рибофлавинот и цинкот во производот, исто така, придонесуваат за одржување нормален вид, а заедно со витаминот E, витаминот C, бакарот и со селенот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес. Содржат и витамин D, кој придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.

Сакате ли да дознаете повеќе за производот Proculin PLUS?

Посетете ја страницата на производот . За сите дополнителни информации за примената на производот консултирајте се со својот лекар или со фармацевт.

Додатокот во исхраната не е надомест или замена за урамнотежената исхрана. Важно е да се придржуваме до урамнотежената и разновидна исхрана и до здравиот начин на живот.