Магнезиумот е исклучително важен минерал. Всушност, тој е четвртиот најзастапен минерал во нашето тело, без кој не можеме да функционираме. Најчесто е застапен во коските, но може да се пронајде и во другите ткива. Но како да знаете дека не го внесувате доволно? Вашето тело ќе ви стави до знаење. Ако ви недостига магнезиум, можно е да се чувствувате заморно и тромо. Можно е да ви се појават и грчеви во мускулите, а можно е да имате и тешкотии во спиењето. Ви звучи ли познато нешто од ова? Причина за тоа е што магнезиумот е одговорен за поддршка на мускулната и на нервната функција и за производство на енергија.
Како да внесете повеќе магнезиум во телото?
Постојат неколку начини на кои можете да го обезбедите своето тело со магнезиум. Храната како што се јаткастите плодови, семките и мешунките се одличен извор на магнезиум, а тука се и додатоците во исхраната. Па ајде да се осврнеме на здравствените придобивки од магнезиумот.
Зошто е овој минерал добар за нашето тело и како, всушност, влијае врз него?
Магнезиумот е корисен за:
Нормална работа на мускулите
Точно. Магнезиумот придонесува за нормална функција на мускулите. Како? Така што тој е вклучен во голем број процеси кои влијаат врз работата на мускулите, вклучувајќи ги потрошувачката на кислород во мускулите, производството на енергија и рамнотежата на електролитите.
Намалување на заморот и на исцрпеноста
Магнезиумот придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста. Исто така, падот на количеството на магнезиум во организмот се поврзува со различни негативни симптоми како што се мачнината, слабоста во мускулите, исцрпеноста и тетеравењето. Постои директна поврзаност меѓу внесувањето магнезиум во исхраната и намалувањето на заморот и на исцрпеноста.
Рамнотежа на електролитите
Да, така е. Манезиумот може да придонесе и за рамнотежа на електролитите. Како? Магнезиумот во меките ткива дејствува како кофактор на голем број ензими, вклучувајќи го и електричниот потенцијал на нервните влакна и на клеточните мембрани. Од друга страна, недостигот од магнезиум секогаш подразбира секундарно нарушување на електролитите, како на пример пад на концентрацијата на калциумот и на калиумот. Со хомеостазата на калциумот делумно управува механизмот кој бара магнезиум и кој поттикнува излачување на паратироидниот хормон. Хипомагнезиемијата, исто така, често се поврзува со хипогликемијата.
Нормална работа на нервниот систем
Магнезиумот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем. Како? Магнезиумот е важен за оптимален пренос на нервните импулси и за нервно-мускулна координација во склоп на нервниот систем.
Нормална психолошка функција
На крај, но не и најмалку важно, магнезиумот може да придонесе за нормална психолошка финкција, особено кога се во прашање концентрацијата, учењето, помнењето и читањето. Од друга страна, недостигот од магнезиум во човековото тело се поврзува со состојби какви што се депресијата, психозата, раздразливоста и збунетоста.
Магнезиумот MULTI ESSENCE 400 + Б-комплекс, додаток во исхраната, е едноставен и вкусен начин за внесување повеќе магнезиум и комплекс од витамин Б во телото. Како? Се работи за микрогранули кои се спакувани во мали, но практични вреќички. Секоја вреќичка содржи 400 mg магнезиум и комплекс од витамин Б и е наменета за директна употреба. Комплексот од витамин Б е важен за уште подобар ефект на производот, а нијацинот, пантотенската киселина, витаминот Б2, витаминот Б6, фолната киселина и витаминот Б12, исто така, придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста. Една вреќичка ги задоволува зголемените потреби за внесување магнезиум и комплекс од витамин Б кај возрасните.
Ако сакате да дознаете повеќе за производот магнезиум MULTI ESSENCE 400 + Б-комплекс, посетете ја страницата на производот.
Додатокот во исхраната не е надомест или замена за избалансираната исхрана. Важно е да се придржувате до избалансираната и разновидна исхрана и до здравиот начин на живот.
За сите дополнителни информации во врска со примената на производот консултирајте се со својот лекар или со фармацевт.