Сега кога е зимата веќе зад нас, со мислите делумно сме веќе во летото, на море, на плажа… Но тоа веројатно значи и помислата на сезоната на капење и на облекување костим за капење. Време е да се вратиме во теретана. Облечете патики и почнете да трчате. Внимавајте на дневното внесување калории. Пијте многу течности. Нормално, здравата и урамнотежена исхрана побрзо ќе ве доведе до остварување на вашата цел – тело од соништата.
Со секојдневното и напорно вежбање нашите тела трошат микронутриенти. Особено кај спортистите и кај рекреативците се јавува зголемена потреба од магнезиум. И токму тие би требало да внимаваат на внесувањето магнезиум. Зошто? Затоа што магнезиумот придонесува за рамнотежа на електролитите, за нормална функција на мускулите, за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција. Придонесува и за намалување на заморот и на исцрпеноста и за нормален метаболизам за создавање енергија.
За оптимално искористување на магнезиумот во телото потребен е и комплекс од витамини B. Комплексот од витамини B претставува спој на суштински микронутриенти растворливи во вода, со голем број важни функции во човековиот организам. Неретко ги нарекуваме и антистресни витамини, па така совршено се вклопуваат во формулација со магнезиумот.
https://www.facebook.com/AlkaloidSkopje/videos/136918494986721/