Уште пред почетокот на летната сезона навлегуваш во онаа фаза од годината кога си ги подготвуваш телото и организмот за на плажа. Мотивацијата ти е на највисоко ниво. Убеден/а си дека овојпат ќе успееш.
По неколку тренинзи се чувствуваш заморно и исцрпено до тој степен што забораваш колку ти била важна првичната цел.
Истоштеноста и воспалените мускули по вежбањето се доволна причина за демотивација.
Но што ако има брзи начини како да си ја вратиш енергијата по вежбањето?
Еве 3 начини што докажано ќе ти го дадат енергетскиот поттик кој ти е потребен.
Доколку јогата не е дел од твојата дневна рутина, сега е моментот да го промениш тоа.
Во моментот кога ќе се почувствуваш исцрпено по тренинг, направи неколку јога-пози и за само неколку минути ќе се чувствуваш подобро.
Многу фитнес–експерти ја препорачуваат токму поради позитивните придобивки што ги нуди.
✅ Прави да се чувствуваш енергично, и покрај напорното вежбање.
✅ Го подобрува расположението.
✅ Го регулира нивото на стрес.
✅ Релаксира.
✅ Го подобрува спиењето.
Помислата да се тушираш со студена вода по напорен тренинг сигурно не ти е на листата на омилени активности.
Сепак, факт е дека студениот туш е екстремно корисен, особено по тренинг.
✅ Ја подобрува циркулацијата на крвта низ телото.
✅ Ја намалува болката во мускулите.
✅ Поттикнува трошење калории.
✅ Ја зголемува енергијата.
Ако не си фан на студен туш, пробај го следново:
Не започнувај веднаш со студена вода. Туширај се со вообичаената температура на водата, со таа разлика што во последните 30 секунди ќе ја промениш температурата на водата за да биде студена.
Од регулирање на нивото на шеќер во крвта до подобрување на атлетските перформанси, магнезиумот е клучен за правилно функционирање на твојот мозок и на твоето тело.
✅ Магнезиумот е одговорен за повеќе од 600 телесни функции.
✅ Дава доволно сила пред и по вежбање.
✅ Го подобрува здравјето на коските.
✅ Може да помогне при симптоми на стрес и на хроничен замор.
Која храна содржи големо количество на магнезиум?
Магнезиумот е присутен во многу видови храна:
Зошто магнезиумот + витамините Б се одлична комбинација за враќање на енергијата?
Придобивките од магнезиумот, надополнети со придобивките од витамините од Б-групата, значително ќе го поттикнат твоето тело да ги одржува полни батериите за време и по вежбањето.
✅ Витаминот Б1 придонесува за нормална функција на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето.
✅ Витаминот Б2 придонесува за нормален метаболизам, создавање енергија, нормална функција на нервниот систем и за заштита на клетките од оксидација.
✅ Витаминот Б6 придонесува за нормален метаболизам, создавање енергија, нормална функција на нервниот и на имунолошкиот систем, за нормална психолошка функција, нормален метаболизам на протеините и на гликогенот и за намалување на заморот и на исцрпеноста.
✅ Витаминот Б12 придонесува за нормална психолошка функција и за намалување на заморот и на исцрпеноста. Витаминот Б₁₂ има улога во процесот на делба на клетките.
Која храна содржи големо количество на Б-витамини?
За да дознаете повеќе за MULTI ESSENCE,магнезиум 400 + Б-комплекс, и како може да ви помогне овој додаток, прочитајте повеќе на https://zdravjebezrecept.mk/product/multi-essence-magnezium-400-b-kompleks/