SIWOPSI 250 000 IU претставува додаток во исхраната, во форма на капсули, кој го содржи протеолитичкиот ензим серапептаза. Овој протеолитички ензим врши хидролиза на хистаминот, серотонинот и на брадикининот, и со тоа ја намалува капиларната пропустливост. Ензимот серапептаза е добро познат по своите протеолитички и фибринолитички својства.
СОСТАВ
SIWOPSI 250 000 IU | 1 капсула (0,446 g) | Декларирана вредност на 1 капсула | % ПДВ* |
Серапептаза, ентерично обложена | 125 mg | 125 mg (не помалку од 250 000 IU ) | – |
* Препорачано дневно внесување
Помошни состојки: средство за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза (E 460 i.); средство против згрутчување: магнезиум стеарат (E 470b); тело на капсулата(желатин; железо оксид, жолт).
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА ПРИМЕНА
Возрасни: 1 капсула дневно, 1 час пред оброк или 2 часа по оброк.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана.
Производот не е наменет за деца, трудници, доилки и за лица чувствителни на некоја од состојките на производот.
Потребни се претпазливост и претходна консултација со доктор кај лица со гастроинтестинални лезии или улкус, при истовремена употреба на антикоагулантни и антиинфламаторни лекови, како и во случај на потреба за употребување на производот подолго од 7 дена.
Потребно е да се прекине употребата на овој производ најмалку две недели пред оперативен зафат.
Во случај на алергиска реакција потребно е да се прекине користењето на производот и да се разговара со доктор. Немојте да ја отворате или кршите капсулата.
ПАКУВАЊЕ
Тврдите капсули SIWOPSI 250 000 IU се спакувани во блистери (PVC/Al). Секој блистер содржи 15 капсули.
Една кутија содржи 30 капсули (2 блистери) и упатство за употреба.
РОК НА УПОТРЕБА
Три (3) години.
НАЧИН НА ЧУВАЊЕ
Да се чува во оригиналното пакување на температура до 25 °C, заштитено од влага и од светлина.
Да се чува надвор од дофат на мали деца!
Произведено во Србија за АЛКАЛОИД АД Скопје, бул. Александар Македонски 12,
1 000 Скопје, Република Северна Македонија