ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ

Внесувањето витамини и минерали преку додатоците во исхраната може да ви помогне во обезбедувањето на препорачаното дневно внесување од овие микронутритиенти. Практични се за постигнување оптимално здравје и добро е да се земаат секојдневно со богата и со нутритивно балансирана исхрана.

Зошто се важни витамините и минералите?

Микронутриентите, односно витамините и минералите, се наоѓаат во храната во мали количини. Човековото тело не може да ги синтетизира самостојно, па потребно е да се внесуваат со редовната исхрана.

Микронутриентите се молекули кои влијаат врз телото преку различни биохемиски процеси. Некои учествуваат во процесите за правилно искористување на хранливите материи, додека, пак, други му помагаат на телото да се бори со различни инфекции, болести и слично. Општо земено, тие имаат различни улоги и се од суштинско значење за правилната функција на телото.

Достапноста на витамините и на минералите е од голема важност за човековото здравје и за благосостојбата. Недостигот може да доведе до потхранетост, а постои можност и за развој на одредени болести.

Главни причини за недостиг на микронутриенти се:

  • несоодветната исхрана или исхраната…;
  • веганството или вегетаријанството;
  • лошата достапност (на пр., сезонски варијации во храната);
  • зголемената потреба од одредени микронутриенти (на пример, за време на бременоста или на лактацијата, во услови на стрес, физичка активност итн.);
  • намаленото искористување или зголемената загуба (на пример, пушачи и луѓе кои често консумираат алкохол);
  • хроничната или акутната фармаколошка терапија (на пример, диуретици, PP-инхибитори, антибиотици);
  • одредени болести (на пр., синдром на раздразливи гради, Кронова болест, целијачна болест, дијареја);
  • возраста (50+).

Недостигот од микронутриенти може да биде скриен проблем. Енергијата кај некои луѓе може да биде на задоволително ниво поради самата исхрана, но нутритивниот статус може да биде неповолен.

Две светски организации (СЗО – Светска Здравтствена Организација и ФАО – Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации) претпоставуваат дека достапната храна има намалена нутритивна вредност.

Со додавањето витамини и минерали можете да го подобрите секојдневното внесување на овие микронутриенти во ситуации кога не сте сигурни дали добивате доволно преку вашата исхрана.

Проверете го нашето портфолио со витамини и минерали за да добиете информации за тоа како можат да помогнат нашите производи да се води здрав начин на живот и да се дополни здравата исхрана.

Дали знаете дека?

  • Првиот научник кој го прикажал значењето на витамините за човековиот организам е Џејмс Линд во 1753 година. Имено, тој успеал да ја спречи појавата на скорбут меѓу морнарите, болест која се јавува поради недостиг на витамин Ц, со внесување цитрусни плодови во нивната исхрана, кои биле богати со овој витамин.
  • Приближно 75 % од глобалната популација внесува помалку овошје и зеленчук од препорачаната дневна доза од 400 g.

Производи:

Брендови

...
...
...
...