Состав
5 ml суспензија содржи 200 mg ибупрофен.
Фармацевтска форма
Суспензија со карактеристичен вкус и мирис на грозје.
Дејство
Ибупрофенот претставува нестероиден антиинфламаторен лек, кој дејствува така што го менува начинот на кој телото реагира на болка и на покачена телесна температура.
Индикации
Ибупрофенот се употребува за краткотрајна симптоматска терапија на:
· лесна до умерена болка
· покачена телесна температура
Пакување
Шише со 100 ml суспензија.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.