На што можат да ве научат вашите главоболки?

Сакате ли да слушнете еден интересен факт? Околу 50 до 75 % од возрасните лица доживуваат некој вид главоболка во текот на една година. Од овој податок може да се заклучи дека повеќето луѓе оваа година ќе доживеат барем една главоболка, а сите знаеме колку незгодни може да бидат истите.

Воедно, тоа е и темата на оваа статија – главоболката и нејзиното потекло, но и начините за нејзино ублажување. Пред да понудиме решение за ублажување на симптомите, ајде заедно да ги разгледаме главоболките.

Вовед во главоболките:За што всушност се работи?

Прво нешто што треба да знаете е тоа дека постојат повеќе од 300 различни видови главоболка, така што не е едноставно да се зборува само за неколку. Општо кажано, главоболката е болка во главата или во лицето која најчесто трае пократко. Понекогаш вклучува и болка во горниот дел на вратот, но најмногу се задржува на главата. Без разлика што е причина за главоболката, на сите им е заедничко тоа што не се пријатни. Меѓутоа, постојат и суптилни разлики меѓу главоболките според местото каде што се јавуваат и според другите симптоми. Тие можат да помогнат за разликување на еден вид болка од друг.

Со тоа доаѓаме и до главната тема на статијата..

Што може да ни каже локацијата на болката за вашата главоболка?

Да почнеме со едностраните главоболки, кои ги чувствувате или од левата или од десната страна на главата. Најчесто се работи за мигрена бидејќи главно се чувствуваат само на едната страна, иако кај некои луѓе се јавуваат и на двете страни, а често истите знаат да предизвикаат и мачнина.

Главоболките кај кои болката се манифестира како притисок во главата, најверојатно, се тензични главоболки. Тоа се најчестите главоболки и можат да варираат од благи до умерени. Чувството што ги придружува најлесно може да се опише, како што е спомнато, како стегање околу главата, но, за разлика од мигрените, овие главоболки не предизвикуваат мачнина. 

Главоболките при кои болката е локализирана на едната страна на главата и околу очите се нарекуваат кластер-главоболки. Не се толку чести, но се сметаат за едни од најсилните и најчесто се појавуваат еднаш до двапати годишно.

Главоболките во предниот дел на лицето често се нарекуваат синусни главоболки. Ги предизвикуваат затнатите синуси или синусните инфекции. Обично исчезнуваат откако ќе се решат проблемите со синусите.

И, за крај, тука се и главоболките при кои болката се чувствува во задниот дел на главата. Тука најчесто се работи за цервикогена главоболка. Тоа е секундарна главоболка, што значи дека ја предизвикува некоја друга болест или некој физички проблем.

Како да ја лечите главоболката во домашни услови?

Не постои чудотворен лек или терапија со која би се искоренила главоболката. Но, постојат многу работи што можете да ги направите за да ги ублажите симптомите и да си овозможите продуктивен ден. Може да користите студени облоги за глава или пригушени светла во собата во која седите. Особено битно е притоа и да се хидрирате.

Некои лекови кои се издаваат без рецепт можат да ги олеснат болката и другите симптоми на главоболка. Kомбиниран аналгетик кој содржи парацетамол и ибупрофен, може да се користи за краткотраен третман на умерена болка поврзана, меѓу другото, со главоболка (не мигрена). Ваков тип на производ е особено погоден за болка која бара посилен ефект за ублажување на болката од оној што се постигнува со дејство само на ибупрофен и парацетамол. Двете компоненти работат заедно за да помогнат во ублажување на болката за да бидете подготвени да се вратите на активности или хоби.