Обична главоболка или мигрена? Која е разликата?

Главоболките се многу непријатен дел од нашето секојдневие. Можат да се појават во кој било момент, не можат да се предвидат, а можат да бидат толку силни што и станувањето од кревет претставува проблем. Ваквите состојби им се добро познати на повеќето луѓе, а се манифестираат како болка, иритација и/или мачнина. Главоболките можат да го оневозможат секојдневното функционирање и да влијаат врз уживањето во работите што ги сакате, како на пример читање книги, вежбање или дружба со пријателите. Кога главоболката ќе тропне на врата, немаме многу опции.

Која е разликата меѓу обична главоболка и мигрена?

Најголемите разлики меѓу овие видови главоболка се локацијата и интензитетот на болката. Главоболките предизвикуваат болка во главата, лицето или во горниот дел на вратот и се разликуваат според фреквентноста и интензитетот. Мигрената е исклучително незгоден вид главоболка и обично е проследена со интензивни симптоми, кои исцрпуваат повеќе од симптомите на обична главоболка. Половина до три четвртини од возрасните лица страдаат од главоболка, а меѓу нив има околу 30 % од оние кои страдаат од мигрена. Од овие податоци е видливо дека и двете состојби се почести одошто се мисли.

Има многу различни видови главоболка, а експертите ги поделиле во две главни групи – примарни и секундарни. Тензичните главоболки и кластер-главоболките се дел од примарните типови главоболка, додека, пак, секундарните главоболки се оние кои се предизвикани од болести и од хронични здравствени состојби кои влијаат врз нервниот систем.

Но мигрените се поинакви. Вашето искуство со мигрените може сосема да се разликува од искуството на другите луѓе. Зошто? Затоа што симптомите се разликуваат од лице до лице. Епизодите можат да траат неколку часови или денови. Може да имате неколку епизоди месечно или може да се појавуваат повремено.

Како да се лечат главоболките и мигрените?

Како што рековме, не е лесно да се ублажат главоболката и мигрената. Не постои лек со кој главоболката трајно исчезнува, како што и не постои лек со кој мигрената би исчезнала засекогаш.

Единствено што можете да направите е да ги намалите болката и непријатноста при појавата на главоболка или на мигрена. Може да користите ладни облоги за главата, да ги придушите светлата во собата во која престојувате и соодветно да се хидрирате. За ублажување на болката што ги придружува главоболката и мигрената од помош можат да ви бидат лековите што се издаваат без рецепт.

Некои лекови кои се издаваат без рецепт можат да ги олеснат болката и другите симптоми на главоболка. Kомбиниран аналгетик кој содржи парацетамол и ибупрофен, може да се користи за краткотраен третман на умерена болка поврзана, меѓу другото, со главоболка (не мигрена). Ваков тип на производ е особено погоден за болка која бара посилен ефект за ублажување на болката од оној што се постигнува со дејство само на ибупрофен и парацетамол. Двете компоненти работат заедно за да помогнат во ублажување на болката за да бидете подготвени да се вратите на активности или хоби.