Фленти  

...

Состав 

1 mg/g dimetindene maleat  

Фармацевтска форма 

Гел. Хомоген , безбоен, проѕирен до малку опалесцентен гел без мирис. 

Дејство 

Го блокира дејството на хистаминот, локално на кожата. Ја намалува пропустливоста на капиларите и дејствува локално анестетички. Дејствува во рок од неколку минути со максимален ефект после 1-4 часа. 

Индикации 

Се употребуваат за ублажување на чешањето предизвикано од дерматоза, уртикарија, убод од инсекти, изгореници од сонце и површински изгореници (изгореници од прв степен), како и кај пруритус од различна етиологија. 

Пакување 

Кутија со алуминиумска туба со 30 g гел затворена со пластично капаче, и упатство за пациентот. 

Регулаторен статус 

ОТЦ (лек без рецепт). 

...

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.