Влажна или сува кашлица? Разлики и начин на лечење!

Кашлицата и сезоната на настинки и грип одат рака под рака. Сите сме поминале низ тоа,  а таквото искуство никогаш не е пријатно.

Кашлицата е добар и јасен дијагностички алат за секој лекар. Медицинските експерти ги проценуваат разликите во кашлицата за да го откријат причинителот на проблемот и за да постават дијагноза. Важно е да се разликува влажната продуктивна од сувата, непродуктивна кашлица бидејќи пристапот во лечењето се разликува. Но како да знаеме за кој вид кашлица за работи? И како да се лечи? Да ги погледнеме опциите заедно.

Но прво…

Влажна или сува кашлица? Да ја согледаме разликата.

Како што кажува и самото име, сувата кашлица е сува, непродуктивна и упорна. Придружена е со краток здив, а може да го препознаете според карактеристичниот звук што се произведува додека кашлате. Тоа е груб звук кој по малку наликува на лаење. За разлика од влажната, кај сувата кашлица не се создава и не се исфрла слуз и поголемиот дел доаѓа од задниот дел на грлото. Токму затоа болните често ја опишуваат како особено непријатно чувство.

Влажната кашлица е чиста спротивност. Се создава и се исфрла слуз која се собира во долните дишни патишта. Притоа е многу важно да се намали вискозноста на слузта и да се олесни искашлувањето. На тој начин од долните дишни патишта се отстрануваат микроорганизми, алергени и други причинители на влажната кашлица.

Начинот на лечење се разликува во зависност од видот на кашлицата

Бидејќи овие два типа кашлица се на различните краеви на спектарот, така и лечењето се разликува во зависност од видот на кашлицата. Сувата кашлица и стегањето во градите можат да се ублажат со земање доволно течности и мед и со многу одмор. Употребата на навлажнувачи на воздухот, исто така, може да помогне.

Еден од најдобрите начини за ублажување на влажната кашлицата е внесувањето доволно течности, особено вода, бидејќи таа помага за разредување на насобраната слуз. Навлажнувачите на воздухот и парните инхалатори, исто така, се добри извори за ублажување на кашлицата во домашни услови. И тие ја разредуваат слузта и помагаат во прочистувањето на дишните патишта. Медот, исто така, може да биде од помош.

Од лековите без рецепт, карбоцистеин е одличен избор за влажна или продуктивна кашлица. Карбоцистеинот е ефикасен во лекувањето на болести на респираторниот систем кога се акумулира премногу слуз или слузта е премногу леплива. Има силно дејство што ја намалува вискозноста на слузта и помага да се отстрани прекумерната слуз од респираторниот систем.