ДИАСТОП ПРОБИО

...

ДИАСТОП® Пробио е пробиотик кој содржи четири вида млечнокиселински бактерии: (Lactobacillus acidophilus (LA-5®), Streptococcus thermophilus(STY-31™), Bifidobacterium ( BB-12®) и Lactobacillus delbrueckii (LBY-27™). Млечнокиселинските бактерии се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат кисело-базната рамнотежа која е неопходна за нормална работа на ензимите за варење на храната, за имунолошкиот систем и за перисталтиката на цревата. Дополнително го спречуваат прекумерниот раст на штетните бактерии.

СОСТАВ

  • Активни состојки: живи, лиофилизирани млечни бактерии.

Една капсула содржи минимум 4,5 x 109 CFU вкупно од следните соеви: Lactobacillus acidophilus (LA-5®) приближно 32 mg, Streptococcus thermophilus (STY-31™) приближно 23 mg, Bifidobacterium (BB- 12®) приближно 17 mg Lactobacillus delbrueckii (LBY-27™) приближно 6 mg.

  • Помошни состојки: декстроза анхидрат; средство против згрутчување: магнезиум стеарат; хипромелоза (капсула); калциум карбонат (капсула).

LA-5® и BB-12® се регистрирани трговски марки на Chr. Hansen A/S

STY-31™ и LBY-27™ се трговски марки на Chr. Hansen A/S

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА ПРИМЕНА

Производот е наменет за перорална употреба. Треба да се зема со оброк за да се избегне штетното дејство на желудочната киселина врз млечнокиселинските бактерии. Најдобро е да се зема ДИАСТОП® Пробио за време на оброците. Да не се зема ДИАСТОП® Пробио заедно со алкохол или топли пијалоци.

За деца кои не можат или не знаат како да голтаат капсули, капсулата треба да се отвори, содржината да се истури во лажица и да се измеша со течност.

Препорачана дневна доза:

Возрасни: 1-3 капсули дневно.

Деца над 3 годишна возраст: 1 капсула дневно.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана.

ПАКУВАЊЕ

Картонската кутија содржи 10 капсули спакувани во блистер (еден блистер) и упатство за употреба.

РОК НА УПОТРЕБА

Две (2) години.

НАЧИН НА ЧУВАЊЕ

Да се чува на температура под 25 °C во оригиналното пакување, заштитено од влага и од светлина. Да се чува надвор од дофат на мали деца!

Произведено во Италија за АЛКАЛОИД АД Скопје, бул. Александар Македонски 12, 1 000 Скопје, Република Северна Макед

...