Што треба да јадете, а што да избегнувате за подобро дигестивно здравје?

Дали знаевте дека цревата во нашето тело често се нарекуваат и втор мозок? Тоа е затоа што здравјето на нашиот дигестивен систем значително влијае врз целокупното здравје и врз благосостојбата на телото.

Има безброј причини за тоа. Цревата се одговорни за варење на храната, за апсорпција на хранливите материи и за елиминирање на отпадот, а помагаат и во регулирањето на расположението и на емоциите.

Токму храната што ја јадеме или што избегнуваме да ја јадеме директно се одразува врз нашето дигестивно здравје.

Прочитајте кои намирници треба да ги додадете на вашата трпеза за подобро дигестивно здравје, а кои да ги избегнувате.

Која храна треба да се јаде за подобро дигестивно здравје?

Храна богата со растителни влакна

Во нашата држава имаме на располагање голем избор на храна богата со растителни влакна, како едноставен и ефикасен начин за подобрување на здравјето на цревата.

Храната што изобилува со растителни влакна вклучува:

  • моркови,
  • житарки од цело зрно,
  • киноа,
  • овес,
  • чиа-семе,
  • ленено семе,
  • црн грав,
  • грав.

Ако не сте навикнати да ги внесувате овие намирници, пробајте да ги консумирате во вид на сок или како смути.

Овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот содржат здрави хранливи материи и растителни влакна што го намалуваат ризикот од констипација и од дигестивни проблеми.

Секое овошје и зеленчук е добредојдено на трпезата, особено:

  • бобинките,
  • јаболката,
  • брокулата,
  • карфиолот.

Житарки

Влакната што ги има во житарките го намалуваат ризикот од констипација, поддржувајќи ја работата на добрите цревни бактерии.

Следниве житарки се одличен извор на влакна:

  • кафеав ориз,
  • овесна каша,
  • пуканки,
  • интегрални производи од пченица,
  • јачмен.

Пробиотска храна

Пробиотиците се здрави бактерии кои помагаат за подобро варење.

Пробиотската храна вклучува:

  • јогурт,
  • кефир,
  • комбуха,
  • кимчи,
  • банани,
  • овес,
  • соја,
  • суров јаболков оцет,
  • лук,
  • кромид,
  • кисела зелка,
  • аспарагус.

Месо

Добар избор на месо се:

  • пилешкото,
  • рибата (особено лососот).

Ограничете ги црвеното и преработеното месо на максимум 2-3 порции неделно поради високото количество натриум, масти и нитрати, кои може да предизвикаат дигестивни проблеми.

Која храна треба да се избегнува и зошто?

Елиминирајте го или значително намалете го консумирањето на следниве намирници од вашата исхрана:

Мрсни јадења

Високомасната храна, во која спаѓаат сладоледот, пиците, путерот и црвеното месо, може само да ги влоши дигестивните проблеми или состојби.

Овие намирници ги стимулираат контракциите на дигестивниот тракт, што доведува до констипација или до слични проблеми.

Кисела храна

Цитрусната храна, во која спаѓаат лимоните, портокалите и доматите, е одлична за здравјето, но не се вари лесно.

Киселата компонента ја иритира слузницата на желудникот и може да донесе повеќе дигестивни проблеми, отколку придобивки.

Дополнително, избегнувајте газирани пијалаци. Нивната киселост дополнително го иритира желудникот.

Пржена храна

Пржената храна не му е пријател на дигестивниот тракт бидејќи ѝ треба подолго време за да се свари.

Луѓето кои страдаат од дијареја и од констипација не треба да јадат пржена храна бидејќи   може да им предизвика надуеност и гадење.

Млечни производи

Луѓето кои имаат проблеми со варењето на храната треба да избегнуваат млечни производи. Лактозата од млекото може да поттикне создавање гасови.

Како алтернатива користете млеко и млечни производи кои не содржат лактоза.

Кофеин

Ако имате проблем со варењето, избегнувајте да пиете кафе бидејќи кофеинот може да предизвика дијареја.

Дури и бескофеинското кафе има мала количина на кофеин што може да ги влоши проблемите со варењето.

Преработена храна

Преработената храна содржи вештачки бои, конзерванси и адитиви што го отежнуваат процесот на варење.

Во преработената храна недостигаат влакна неопходни за полесно да се свари изедената храна и за да се одржи дебелото црево во добра форма.

Наша препорака

Сите ние сме искусиле дигестивни проблеми и знаеме колку можат да бидат непријатни и да ги нарушат нашите секојдневни активности.

Освен исхраната, како одличен начин за подобрување на гастроздравјето, делотворна алтернатива се таблетите што се комбинација од калциум карбонат и магнезиум карбонат.

Овие состојки бргу ја неутрализираат желудочната киселина, формирајќи вода и растворливи минерални соли.

На тој начин, за само неколку минути се намалува вишокот желудочна киселина овозможувајќи брзо ублажување на жиговината и на надуеноста.

Наша препорака се следниве таблети за џвакање:

https://zdravjebezrecept.mk/brand/gastroguard/