ФУРАЛ С

...

Состав

Нифуроксазид 200 mg.

Фармацевтска форма

Капсула, тврда.

Дејство

Нифуроксазидот припаѓа во групата антидијареици и во групата интестинални антиинфламаторни/антиинфективни лекови. Дејствува локално во цревата и покажува екстремно ниска системска апсорпција. Активноста се должи на нитро-групата (NO2), којашто е силно електрон-реактивна.

Употреба

Фурал С се употребува за краткотрајно лекување на акутна дијареја од бактериска етиологија, односно дијареја како резултат на бактериски инфекции предизвикани од грам-позитивни коки: Streptococcus pyogenes, Staphylococcus pyogenes, како и од грам-негативни ентеробактерии: Escherichia coli, Salmonella и Shigella.

Пакување

Кутија со 10 капсули во блистер и со упатство за пациентот.

...

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.