СОСТАВ
Paracetamol 500 mg
Pseudoephedrine hydrochloride 30 mg
Dextromethorphan hydrobromide 15 mg
Ascorbic acid 60 mg (комбинација од природен и од синтетски витамин Ц)
ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА
Филм-обложени таблета
ДЕЈСТВО
Caffetin Cold plus претставува комбиниран препарат којшто содржи повеќе активни супстанции. Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната тeмпература. Псевдоефедринот ја намалува назалната конгестија овозможувајќи проодност во носот и во дишните патишта. Декстрометорфанот, пак, ја ублажува кашлицата предизвикана од слаба иритација на грлото и на дишните патишта. Витаминот Ц го поттикнува имунолошкиот систем.
ИНДИКАЦИИ
Caffetin Cold plus се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, назална конгестија, зголемена телесна температура, кашлица).
ПАКУВАЊЕ
10 таблети
Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.